Дизмикли

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дизмиклиmap
Remove ads

Дизмикли или Дебизмакли (грчки: Πηγάδια, Пигадија)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Дизмикли Πηγάδια, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 11 километри североисточно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 215 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 234 Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 331 жител[4]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 г. селото е преименувано во Пигадија[5].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 82 грчки семејства со 317 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 359 лица, додека во 1940 година селото броело 394 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 381 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 395 жители, во 1971 година имало 273 жители, во 1981 година имало 243 жители, додека во 1991 година имало 204 жители[7]. Денеска, населението на селото е 208 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads