Диклофенак
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Диклофенак е нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ) кој се користи во третманот на болка и инфламаторни болести, како што е гихт.[4][8] Може да се зема перорално (преку уста), ректално во вид на супозиторија, интрамускулно, интравенски, аплициран топикално на кожата, или во вид на капки за очи.[8][10][11] Намалувањето на болката може да трае до осум часа.[8] Достапен е и во вид на фиксно-дозна комбинација диклофенак/мисопростол со цел заштита на желудникот; сепак, инхибиторите на протонската пумпа како што е омепразолот вообичаено се прва линија на лекови за гастропротекција бидејќи се ефикасни како и мисопростолот, но со подобра подносливост.[12][13][14]
Чести несакани ефекти се абдоминална болка, гастроинтестинално крварење, наузеа, вртоглавице, главоболка, и оток.[8] Сериозни несакани ефекти вклучуваат срцева болест, мозочен удар, бубрежни нарушувања, и чир на желудникот.[13][8] Не се препорачува негова употреба во текот на третото тромесечје од бременоста.[8] Веројатно е безбеден во текот на доењето.[13] Се смета дека диклофенакот делува преку намалување на создавањето на простагландини, како и другите лекови во оваа класа.[15]
Во 2022, е 51ви најмногу пропишуван лек во САД, со повеќе од 12 милиони рецепти.[16][17] Во 2024, е единаесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 778.000.[18] Достапен е во вид на две соли, како диклофенак натриум или калиум.[13]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads