Димирџилер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димирџилер
Remove ads

Димирџилер или Демирџилер (грчки: Σιδεράς, Сидерас; до 1927 г. Δεμιρτζιλέρ, Демирѕилер[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 118 жители (2021).

Кратки факти Димирџилер Σιδεράς, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа околу 15 км северозападно од градот Кожани и околу 4 км јужно од селото Курџево, во јужните падини на Карталдаг, на надморска височина од 950 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во историските документи, Димирџилер за првпат се среќава во дефтер од 1568 г. за Леринската нахија под името Демирџилер со 23 муслимански семејства и 39 неженети.[4] Во селото биле запишани и 62 Јуруци.[4]

Во XIX век Димирџилер било турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димирџилер (Dimirdjiler) било село во Џумалиската (Кајларската) каза со 15 домаќинства со 32 жители муслимани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Димирџилер имало 310 жители Турци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Демирџилер се води како чисто турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.[7]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Демерджилар (Δεμερτζιλάρ) живееле 325 Турци.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 395 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 446 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 69 бегалски семејства (вкупно 257 бегалци) од Понд, така што селото станало бегалска населба.[3][9] Во 1926 година, името на селото било променето во Сидерас (Σιδεράς), во превод „железо“.[2]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува компири, тутун, жито и други земјоделски производи, а му внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 29 квадратни километри.[3] Општината Димирџилер била приклучена во општината Димитриос Ипсилантис во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.

Селото припаѓа на општинската единица Димитриос Ипсилантис со седиште во селото Караагач, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Димирџилер, во кој е влегува и маалото Таракчилар.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads