Димитар Караџовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Караџовски
Remove ads

Димитар Караџовски (роден на 7 октомври 1984 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Пелистер.

Кратки факти Димитар Караџовски, Позиција ...
Remove ads

Кариера

Клупски настапи

Кариерата ја започнал во МЗТ Аеродром 2000 во сезоната 2002/03.[1] Следната сезона со МЗТ Аеродром го освоил Суперкупот 2003, и станал вицепрвак во Првенството.[2] Сезоната 2004/05, Караџовски со МЗТ Аеродром стигнал до полуфиналето на Лигата.[3] Во 2005 година, Караџовски го напуштил МЗТ Аеродром и се преселил во исландски Скалагримур.[4] Во првата сезона, Караџовски со Скалагримур завршил на четвртото место во исландската лига.[5] Во сезоната 2006/07, со истиот клуб,[6] Караџовски повторно завршил на четвртото место.[7] Следната сезона 2008/09, тој останал да игра во исландската лига, но во друг клуб - Стјарнан.[8] На крајот на сезоната, поради обвинение за кражби и неговото апсење, клубот Стјарнан му врачил отказ.[9][10] За сезоната 2008/09, Караџовски потпишал за Свислион Пелистер,[11] со кој станал вицепрвак во Купот на Македонија 2009. Таа сезона во 2008 година, односно во првата полусезона, го остварил својот прв трипл дабл.[12] За сезоната 2009/10, Караџовски се преселил во Торус.[13][14] Со Торус, Караџовски повторно станал вицепрвак во Купот.[15] Во следната сезона, Караџовски настапувал во бугарски Рилски Спортист,[16] со кој станал вицепрвак во Балканската лига.[17] За сезоната 2011/12, тој се вратил во Торус.[18] По распадот на Торус, за следната сезона, Караџовски потпишал за Кожув.[19] Тој со Кожув станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2013/14, Караџовски останал во Кожув.[20] За сезоната 2014/15, Караџовски се преселил во Фени Индустри.[21][22] Таму играл сè до полусезоната, кога потоа потпишал за Куманово 2009.[23][24] Со Куманово, Караџовски станал вицепрвак во Лигата. Караџовски останал во Куманово и за следната сезона.[25][26] Во таа сезона тој повторно станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2016/17, Караџовски ја продолжил соработката со Куманово.[27][28] Караџовски со Куманово стигнал до полуфиналето во Купот 2018. Во пресрет на Супер лигата од сезоната 2017/18, Димитар Караџовски се преселил од Куманово 2009 во Работнички.[29][30] Во таа сезона, Караџовски за првпат го освоил Првенството, откако со Работнички станал првак. Со Работнички, Караџовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Димитар ја променил средината и потпишал по вторпат за Кожув за сезоната 2019/20.[31][32] На крајот на мај 2020 година, за сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Кожув.[33] На 20 јануари 2021 година, Караџовски стигнал до својот втор трипл дабл во македонското првенство. Тој тогаш завршил со 15 бода, 10 скокови и 11 додавања.[12] Во средината на април 2021 година, Караџовски се преселил во Работнички.[34][35]

Репрезентативни настапи

Димитар Караџовски бил во македонската репрезентација за време на квалификациите за Евробаскетот 2011. Со Македонија учествувал и на Средоземните игри 2013 во Мерсин, Турција.[24] Караџовски учестувувал и на квалификациите за Евробаскетот 2017.[36]

Remove ads

Успеси

Титули

Македонија МЗТ Аеродром

Македонија Работнички

Признанија

  • Eurobasket.com - Бек на сезоната (2012г.)
  • Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната (2012г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2013г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2014г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2015г.)
  • Особен придонес во сезоната 2015/16[37]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[38]
  • Почесно споменување во сезоната 2016/17[38]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2019/20[39]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads