Димитар Малиданов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Димитар Малиданов (Саракиново, 5 декември 1946 ) — македонски сликар и графичар.[1]

Кратки факти Димитар Малиданов, Роден(а) ...

 

Животопис

Малиданов е роден на 5 декември 1946 година во воденското село Саракиново, Грција (Саракини на грчки). За време на Грчката граѓанска војна, избегал од земјата во групата таканаречени деца бегалци. Во 1972 година дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај професор Габриел Ступица. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Скопје, Малиданов почнал да предава графика на истиот.[2] Работел на факултетот од 1981 до 2010 година, а од 2006 до 2010 година бил негов декан. Автор е на многу самостојни и учесник на многу групни изложби. За својата уметничка и педагошка дејност добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads