Саракиново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Саракиновоmap
Remove ads

Саракиново (грчки: Σαρακηνοί, Саракини; до 1925 г. Σαρακίνοβο, Саракиново[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 320 жители (2021) — сите Македонци.[3]

Кратки факти Саракиново Σαρακηνοί, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во источните падини на планината Ниџе, над котлината Меглен, 20 км северно од Воден.

Историја

Во Отоманското Царство

Според свештеникот Стојан Атанасов Саракински, селото го добило своето име по Сарацените, како што биле познати арапските муслимани во средновековието. Селото прво било чифлигарско, но уште во средината на XVIII век жителите си го откупиле. Во 1856 г. (или 1858 г.[4]) во Саракиново е отворено народно училиште со учител Грапљо од Струмица, и со одобрение на селските водачи, браќата Петар и Ристо Попови. По неговата смрт во 1859 г. на негово место дошол учителот Пандо, исто така од Струмица. Во 1863 г. народен учител во селото станал Ѓорѓи Маленков, кој ја зајакнал наставата. Во 1868 г. бил приуден да го напушти селото поради грчки клевети, па него го заменил отецот Иван Јанев, кој предавал бесплатно. Селската заедница го задолжила Ристо Попов да бара учител во Битола, во рускиот конзулат и кај македонските првенци. По нивна препорака од Велес го донел Андреј Богданов, кој предавал 5 години во Саракиново пред да биде истеран од властите. Браќата Попови и целото село дале отпор, поткупувајќи ги функционерите за да се врати Богданов, но една година селото станало без учител. Откако се вратил, Богданов предавал сè до 1879 г. кога бил уапсен и затворен во Воден, а подоцна и во Солун. Браќата Попови успеале да го ослободат по 6–7 месеци, но изречена му е забрана да предава во Саракиново. Учител одново бесплатно станал отецот Иван Јанев. Браќата Попови, заедно со Георги Гогов и браќата Ване и Зане Занешеви ја предводеле народната борба во Воденско. Во ноември 1875 г. воденскиот грчки владика е истеран од Саракиново и не стапнал во селото сè до 1912 г.[5]

Thumb
Празнување на Св. Кирил и Методиј во Саракиново.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Саракиново (погрешно запишано како Larakinovo) било село во Воденската каза со 108 куќи и 487 жители Македонци.[6][7]

Во 1880 г. за учител во Саракиново е назначен Паско Крстев од Бизово. Во 1885 г. на негово место дошол Мојсеј Симеонов од Осој, Дебарско; во 1890 година — Иван Панов од Владово, а потоа Ристо Трпчев од Воден, Ристо Поп Иванов од Саракиново, Екатерина Иванова, Марија Иванова, Елена Иванова од Владово, Јордан Парчев од Неготино, Аврам П. Шилегов од Саракиново, Тодор Димитров од Лозенград, Тодора Томова, Фанија Томова од Воден, Спас Саракинов, Благоја Атанасов, Христо Петров Кирин од Саракиново, Манол Думчев од Бизово, Елена Х. Григорова, Трпче Х. Шаламанов, Димитар Томчев од Воден.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. во Саракиново живееле 700 Македонци-христијани.[6][9]

Во 1893 г., во Саракиново е основан комитет на Македонската револуционерна организација чии членови биле свештеникот Иван Саракински, Георги Тацев, Георги Попов, Петар Кирин, Петре Јанев и курирот Петре Ичо Низамов. Селскиот комитет броело околу 150 лица со десетари, селски курири и други.[10]

Во селото работела бугарската пропаганда и било духовно и просветно потчинето на Бугарската егзархија. Според нејзиниот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Саракиново (Sarakinovo) имало 1.016 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[11]

Според попот Стојан Саракинов, пред Првата балканска војна:

Селото броеше 150 куќи, 200 ученици во грамадно трикатно училиште, со седум училници и една раскошна забавачница. Седум учителски простории со четири одделенија, I и II клас. За следната година се проектираше и III клас. Сето се издржуваше од селото. Се плаќаше по 25 лири на учител.[12]


Нешто подоцна Боривое Милоевиќ во Саракиново завел 112 куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешкиот договор, кога селото имало 921 жител. Тогаш било затворено бугарското училиште. Најголем дел од видните личности од селото се убиени, а останатите се пратени на робија по островите. Околу 30 семејства биле приморани да заминат во Бугарија, така што во 1920 г. бројот на жителите се намалил на 762.[3] Во 1923 г. грчките власти иселиле во Бугарија уште 35 семејства, од кои 18 во Софиско, 10 во Долен Воден (денес дел од Асеновград), 6 во градот Софија и 1 семејство во Свети Врач (Сандански), Пиринска Македонија.[3] Во 1925 г., името на селото е погрчено во Саракини. Покрај принудните иселувања, населението имало добра стапка на родност, па во 1928 г. броело 730 жители; во 1924 г. во Саракиново биле сместени 14 грчки колонисти, но наскоро го напуштиле,[3] па со тоа селото и понатаму останало наполно македонско.

Во 1940 г., населението бележи пораст на 868 жители. За жал, населението доста настрадало во Грчката граѓанска војна. Зимата 1947 г., властите го преселиле населението во рамничарските села Бизово и Полјани, а добар дел од останатите се иселиле во Р Македонија.[3] По војната, дел од селаните се вратиле и го обновиле Саракиново. Така, во 1951 г. населението се намалило на 318 жители и останало на таа приближна бројка и во понатамошните периоди.

Според истражувањето од 1993 г., селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[13]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главно занимање на Саракиново е сточарството, бидејќи селото располага со огромни пасишта, но се одгледува и многу грав, ореви, арпаџик и друго.

Личности

Thumb
Ангел Гацо
Thumb
Ристо Саракинов
  • Ангел Гацо, Ангел Димитров - Гачо (1771-1839) — истакнат револцуионер во Негушкото востание и херој на Грчката војна за независност
  • Стојан Карајов — револуционер од МРО.[14]
  • Ване Христов Кусев — револуционер од МРО.[14]
  • Лазо Христов Гогов — револуционер од МРО.[15]
  • Петре Пецев Димов — револуционер од МРО.[15]
  • Патриш Костадинов Динев — револуционер од МРО.[15]
  • Костадин Трпчев Бинов — револуционер од МРО.[16]
  • Ристо Манолев Мицев — револуционер од МРО.[17]
  • Мици Димов Ташев — револуционер од МРО.[18]
  • Атанас Христов Тоцев — револуционер од МРО.[18]
  • Кољо Трајев — револуционер од МРО.[18]
  • Никола Думурџанов (р. 1937) — геолог
  • Димитар Миладинов (р. 1946) — истакнат ликовен уметник
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads