Димитар Поп Стаматов
македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Поп Стаматов — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Димитар Поп Стаматов е роден во 1880 година во селото Бугариево, Солунско, тогаш во Османлиското Царство, денес Неа Месимврија, Грција. Син е на егзархискиот свештеник и македонски револуционер Стамат Танчев и внук на Божин Танчев. Завршува V клаа во Солунската машка гимназија и станува учител во селото Конско, Гевгелиско, а подоцна во Морарци (денес Антигона), Кукушко.
За време на Солунската афера од 1901 година е уапсен од страна на турските власти. Во 1903 година е четник при Крсто Асенов, подоцна кон крајот на година предводи чета во Струмичко, а следната 1904 година - во Малешево.
Во 1904 година е опкружен од турска потера во селото Митрашинци и загинува во борба [1][2]. Христо Силјанов за него пишува:
- ... Димитар поп Стаматов ги импонираше сите во гимназијата со страшната своја физичка сила, а потоа стана познат како бестрашен терорист и четник, но загина премногу рано... [3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads