Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“
Бугарска машка гимназија во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Солунска егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ или Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ (бугарски: Солунска българска мъжка гимназия „Св. Кирил и Методий"), општопозната во Македонија едноставно како Солунската гимназија — еден од најголемите и највлијателните образовни центри отворени од Бугарската егзархиска пропаганда во Македонија и се почитува во Македонија како место каде се создава јадрото на македонското револуционерно движење. Основана е во 1880 година во Солун од страна на преродбеникот Кузман Шапкарев каде и опстојува под името Солунска българска мъжка гимназия "св. Кирилъ и Методий" до 1913 година.
Солунската гимназија имала и педагошки курс (1887–1896) и трговски курс (од 1899 г.), кој прераснал во трговски оддел, и во 1908 г. се одделил во трговска гимназија.
Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот Кузман Шапкарев, тука своевремено работеле и предавале и Васил К’нчов, Григор Прличев и Константин Величков. Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Андреј Љапчев, Иван Михајлов, Антон Кецкаров и голем број на други видни личности од македонската и бугарската историја.
Учителите во гимназијата биле Македонци, Бугари, Турци, Руси и Французи, а меѓу другите предмети се изучувале латински, старогрчки, турски и француски јазик.
Remove ads
Основање на гимназијата
Пролетта 1880 година, Шапкарев ја напуштил Македонија за да му го понуди своите услуги како инспектор за Татарпазарџискиот училишен округ на тогашниот директор за образование на Источна Румелија, Јаким Груев.[2] Но и покрај посредништвото од страна на архимандритот Методиј Кусев, Груев го одбил Шапкарев. За да не пропадне неговата мисија во Бугарија, Шапкарев се обидел да ја искористи блискоста на Кусев со егзархот, за барем да може да го издаде етнографскиот и фолклорен материјал што го собрал претходните години во Македонија. Проникливиот Кусев заклучил дека охриѓанецот може да биде употребен за многу поважна цел. Имено, како што подоцна дознал Шапкарев, „во тоа време се кроеше план да и се помогне на Македонија на просветен план, но не можеше да се најде погодна личност... која што ќе ја постави првата основа – основниот камен на тамошното учебно дело“. Помошта на просветен план за која што зборува Шапкарев всушност има поинаква позадина. Средбата на Шапкарев со Кусев се случила во истиот период кога Портата го издала т.н. Закон за вилаети, кој предвидувал одземање на патријаршиските привилегии во егзархиските училишта. Оттука, испраќањето на личност во Македонија која би ја поставила основата на бугарското училишно дело била токму во овој контекст. Така, со препорака од архимандритот, Шапкарев се упатил во Цариград за да се сретне со егзархот Јосиф I и од него да побара средства за издавање на собраните етнографско-фолклорни материјали. Меѓутоа, во писмото од Кусев до егзархот немало ниту збор за зборникот и во него пишувало само: „Еве го човекот што го бараме за учебното дело“.[3]
Со препорака од егзархот, Шапкарев бил упатен во Софија за да се сретне со премиерот Драган Цанков, од кого бил задолжен да подготви извештај за перспективите на бугарското училишно дело во Македонија. Во мај 1880 година, Шапкарев го изложил својот план пред кнежевскиот Министерски совет, при што предвидел: 1) Солун да биде центар на делото. Таму да се основаат и поддржат по една полна машка и женска гимназија со пансиони; 2) Во Битола, Скопје и Серес да се отвори по една полугимназија и по едно трикласно женско училиште; 3) Во неколку второстепени градови да се отвори по едно двокласно или трокласно училиште; 4) Во другите места, кај што би се укажала потреба, да се даде привремена или постојана помош за поткрепа на постојните училишта; 5) Помошта за подржување на сите овие учебни установи да не се испраќа директно, туку со посредство на Егзархијата.[3]
На 2 јуни 1880 година Кузман Шапкарев пристигнал во Солун заедно со Д. Узунов, кој бил назначен да отвори училиште во Битола. Притоа, Шапкарев истакнува дека улогата што му била наменета од Егзархот, покрај учителствувањето, била и „да ја насочува бугарштината во цела Македонија“. Истовремено, Егзархијата поканила уште 30 Македонци во Бугарија да појдат за учители во Македонија, но никој од нив не одговорил на повикот. Во Солун Шапкарев, кој бил назначен за главен учител во солунските егзархиски училишта, ги нашол училиштата во очајна состојба. Во машкото училиште имало само 17 ученици првоодделенци и четворица повозрасни, кои составувале нешто налик на прв клас. Во женското училиште учеле 11 ученички, од кои само 2-3 знаеле да читаат.[4]
Во октомври истата година, Шапкарев и кукушанецот Христо Бучков започнале со работа во солунското основно училиште во солунското маало Ајринџик. Како резултат на плодната агитаторска дејност на Шапкарев, активноста на солунската егзархиска општина и претходно воспоставените врски во Солунско и Кукушко, училиштето го посетувале 87 ученици, претежно од околината на Кукуш и Солун, од кои се формирале 4 одделенија и два класа. Брзиот успех резултирал со позитивни сигнали од Егзархијата за отворање на редовна и полна бугарска гимназија во Солун. Меѓутоа, и покрај успешно завршената учебна година, пред почетокот на 1881/82 година, Шапкарев бил известен дека бугарската гимназија ќе биде отворена во Прилеп. Тврдоглавоста на охриѓанецот сепак се покажала решавачка. Шапкарев одбил да ги изврши наредбите на архимандритот Методиј Кусев, кој како роден прилепчанец најмногу се залагал гимназијата да биде отворена во Прилеп. По долга расписка со разни егзархиски и политички фактори, Шапкарев успеал да издејствува гимназијата сепак да биде отворена во Солун. Притоа, меѓу другото, егзархискиот учител истакнал дека Европа може да види дека во Македонија живеат и Бугари само доколку гимназијата биде отворена во Солун, кој го посетувале голем број на странци. Истовремено, Шапкарев разгласил низ цела Македонија дека во Солун ќе се отвори бугарска гимназија со пансион. На тој начин, учебната година започнала со 123 ученици, распоредени во три гимназијални класа.[5]

Remove ads
Ученички бунтови
Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови.
Во гимназијата често избувнувале конфликти за тоа да се зголеми бројот на професори со потекло од Македонија, а да се намали бројот на оние што се носат од територијата на кнежевството Бугарија. Бугарската егзархија која ја спроведувала политиката на Стефан Стамболов за еволутивно решавање на македонското прашање, била против зголемување на бројот на учители од Македонија, заради стравот дека Македонците учители ќе ги револуционеризираат учениците, и со тоа ќе бидат нарушени добрите односи меѓу кнежевството Бугарија и Османлиска Турција.
Веднаш по нејзиното создавање, веќе во учебната 1882/1883 година, дошло до бранување. При училишниот бунт во учебната 1883/1884 година биле исклучени од гимназијата Ѓорче Петров и Пере Тошев, кои биле меѓу првите ученици на оваа гимназија. Во учебната 1887/1888 година дошло до нов бунт, поради кој биле исклучена поголема група на ученици. Меѓу причините за бунтот било и барањето на учениците: дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект. Меѓу учениците кои заминале во Белград, за да го продолжат образованието, биле: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Никола Наумов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев итн.
Во своето дело „Во Македонија под ропство“ Павел Шатев пишува дека во основата на ученичките бунтови бил спорот како да се извршува ослободувањето на Македонија.[6] Екзархиската страна верувала дека ова требе да се извршува со легална борба, просвета, цркви и училишта, а другата страна - со револуционен метод на дејствие.[7]
Remove ads
По 1913
По крајот на Втората балканска војна, грчките власти го протеруваат целиот наставнички колектив на гимназијата во Бугарија. Задно со себе тие успеваат да земат голем дел од материјалот и регистарски материјали. Преместувана е неколкупати во Струмица, Штип и Петрич.
Од 1920 до денес се наоѓа во Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија и го носи името Национална хуманитарна гимназија „Свети Кирил и Методиј“ (Национална хуманитарна гимназия „Свети Свети Кирил и Методий“).
Директори и учители во Солунската машка гимназија
Директори

Прв ред (учители): Георги Миндов, Александар Кулев, Христо Димитров, Костадин Стателов, Фран Сплитек, Григор Прличев, Георги Кандиларов, архимандрит Козма Пречистански, ѓакон Иларион Пенчев, Георги Попов, Петар Драганов, Андреј Дојкин, Јероним Буфети
Втор ред (матуранти): Христо Нечев, Јордан Читкушев, Јордан Мирчев, Иван Липошлиев, Димитар Изов, Бано Кушев, Лазар Тодев, Јордан Бомболов, Георги Стрезов, Петар Мавродиев, Александар Кожухарски
Од вкупно 14 директори на гимазијата, 9 биле од Бугарија, а 5 од Македонија. Притоа нужно е да се истакне дека во најважните години од работата на солунската гимназија, од нејзиното основање до периодот кога во Македонија се отвориле и други бугарски средношколски установи, директорите биле исклучиво етнички Бугари.[8] Според нивното образование, речиси сите минале низ бугарските средни училишта во Софија, Пловдив итн., а голем дел од нив го продолжиле своето образование во поголемите европски центри. Повеќемина од солунските директори имале и завидна политичка кариера. Додека Михаил Сарафов најпрво бил министер за народна просвета во владата на Петко Каравелов (1880-1881) и министер за финансии во владата на Драган Цанков (1884), а дури потоа бил назначен за директор на гимназијата во Солун, некои од директорите својот политички подем го започнале откако се докажале како спроводници на бугарската политика во солунската машка бугарска гимназија. Васл К’нчов во 1902 година бил министер за народна просвета во владата на Стојан Данев, а Лазар Пајаков бил министер за финансии во кабинетите на Рачо Петров, Димитар Петков, Димитар Станчов и Петар Гудев (1903-1908).[9]
- Кузман Шапкарев — (1880 – 1881) (главен учител)
- Божил Рајнов — (1881 – 1883)
- Георги Кандиларов — (1883 – 1887)
- Никола Начов — (1887 – 1891)
- Димитар Хаџи Иванов — (1891 — 1892)
- Васил К’нчов — (1892 — 1893)
- Михаил Сарафов — (1893 — 1896)
- Анастас Наумов — (1896 — 1897)
- Атанас Ченгелев — (1897 — 1899)
- Лазар Пајаков — (1899 — 1900)
- Георги Раев — (1900 — 1904)
- Христо Тенчев — (1904 — 1907)
- Антон Поп Стоилов — (1907 — 1909)
- Тодор Дечев — (1909 – 1912)
- Георги Белев — (1912 – 1913)[10]
Учители

До средината на 1880-те меѓу учителите во бугарските средни училишта преовладувале руските воспитаници. Тоа важи како за училиштата во европските вилаети на Османлиската империја, така и за тие во слободното Кнежевство Бугарија. Руски воспитаници се и директорите на гимназијата во почетниот период од нејзиниот развој: Божил Рајнов (Одеса, Лиеж и Киев) и Георги Кандиларов (Киевска духовна академија). Иста е положбата и кај учителите – Трајко Китанчев (Киев и Москва), Благој Димитров (Одеса), Константин Стателов (Москва), Иларион Пенчев (Одеса) итн. Значително помалку се предавачите кои завршиле во пределите на Австроунгарија – чехот Франтишек Сплитек и унгарецот Роже Калман, кој бил принуден од власта да напушти во учебната учебната 1886/1887 г. За предавање на странски јазици биле назначени учители французи (Ф. Бертранд, Ж. Гиро, Е. Шевалие) и турци (Абди Етхем ефенди и Фадил беј). Помал бил бројот на предавачите кои завршиле на други места – Григор Прличев во Атина, Јероним Буфети во Џенова, Димитар Цухлев во Љасковец, Лазар Пајаков во Роберт колеџ и Париз, Антон Дојков во Габрово, Христо Станишев во Гент и др.
Во првата деценија на 20 век директорите на Гимназијата воглавно веќе биле воспитаници на Софиското вишо училиште – Христо Тенчов (1904–1907), Антон Попстоилов (1907–1909), Тодор Дечев (1909–1912), Георги Белев (1912–1913). Меѓу учителите продолжиле да се истакнуваат истакнати бугарски учени, општественици и политичари – професорот по природни науки Стефан Петков, професорот по француски јазик во Софискиот универзитет и бугарски конзул во Стокхолм Атанас Јаранов, уметникот Михаил Крстев, новинарот и политичар Петко Пенчев и др.
- Легенда
- = Бил учител во учебната година
Remove ads
Предметна програма
Прв ред (учители): Јероним Буфети, Благој Димитров, Григор Прличев, Димитар Матов, Никола Начов, Димитар Хаџииванов, Васил К’нчов, Едхем ефенди
Втор ред (матуранти): Никола Зарзев, Константин Робев, Никола Апостолов, Панче Васков, Димитар Поптомов, Јаким Игнатиев, Иван Хаџимишев, Манасиј Лучански
Трет ред (матуранти): Јанаки Гелев, Георги Трајчев, Антон Димитров, Георги Николов
Уште во првите години од своето постоење, солунската машка гимназија ја приспособила својата предметна програма со програмите на гимназиските училишта во Софија и Пловдив. Притоа, за основа била земена програмата во пловдивската реална гимназија, приспособена на реалните потреби. Оттука, со оглед на тоа што „учениците (во солунската гимназија, б.н) доаѓале со идејата дека Бугарите немаа свое минато и дека се најдолниот род на земјата“, во учебната 1882/83 било решено предметот бугарска историја да се воведе од првиот клас во гимназијата. Поради значењето на грчкиот јазик во Солун, во вториот клас бил воведен и предметот грчки јазик, а во првиот клас биле воведени предметите турски и француски јазик. На тој начин, предметната програма во тогаш четирикласната солунска гимназија ја сочинувале предметите: бугарски јазик, бугарска историја, закон божји, математика, физика, природни науки, географија, општа историја, книжевност, аритметика, краснопис, цртање, француски, грчки и турски јазик.[12] Со понатамошниот развој на гимназијата и нејзиното прераснување во полна, седумкласна гимназија, покрај горенаведените предмети се изучувале и старобугарски јазик (старословенски), логика, психологија, алгебра, геометрија, дескриптива, космографија, хемија, латински јазик и геометриско цртање. Сепак, фондот на часови за секој одделен предмет јасно покажува дека акцентот сепак бил ставен на историјата, на бугарскиот јазик, како и на турскиот и францускиот јазик.[12]
Со исклучок на часовите по грчки, француски и турски, наставата се изведувала исклучиво на бугарски јазик, без никакво право на некаков компромис и употреба на македонскиот јазик во наставата. Ваквото инсистирање на бугарскиот јазик за сметка на мајчиниот македонски јазик, често резултирало со отворено незадоволство кај македонските ученици, а понекогаш и со бунтови. Така, во учебната 1887/88 година во солунската гимназија избиле нереди и ученички бунт, чија што иницијална каписла била „клерикалноста на (директорот, б.н) Кандиларов... којшто многумина го сметаа за језуит и нетактичките интриги на... учителите родум бесарабци“.[12] Бунтот бил последица на политичките пресметки во Бугарија, пренесени во Македонија и солунската машка гимназија, меѓутоа, според изјавите на дел од учениците, македонските ученици се вклучиле во бунтот затоа што „не можеле да работат на бугарски јазик, туку сакале да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект“. Дел од македонските ученици никако не можеле да разберат зошто е забранет македонскиот јазик со неговите дијалекти, а на негова сметка се форсира бугарскиот јазик. Во овој контекст, за време на летниот распуст еден ученик од солунската бугарска гимназија бил задолжен од двајца свои професори да им објасни на сограѓаните дека наместо „џ“ и „ч“ (или „ѓ“ и „ќ“) треба да ги користат гласовите „жд“ и „шт“, односно, наместо куќа, веѓа, свеќа и Ѓурѓовден, да употребуваат к’шта, вежда, свешта, Георгиев ден. Притоа, кога на почетокот на учебната година истиот ученик пред своите сокласници ги рецитирал песните од неговиот роден крај, од учителите му било кажано дека тие песни не се бугарски, туку повеќе наликуваат на српски. За да ги задоволи своите професори во бугарската гимназија, младиот дебарчанец постојано се трудел наместо „јас“ и „ќе“ да ги користи бугарските „аз“ и „ште“, и бил принуден „да го замрази мајчиниот јазик“.[12]
Remove ads
Бројност на учениците

Во учебната 1886/87 во гимназијата учеле 267 ученици, во VII класа.
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads