Митрашинци
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Митрашинци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба
Митрашинци се наоѓа во Малешевијата, северозападно од Берово. Ова големо село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, чиј голем атар се допира со просторите на општините Виница и Делчево. Селото е ридско, на надморска височина од 800 до 840 метри. Во селото има поток, кој мештаните на локалниот говор го нарекуваат „андак“.[2] Од градот Берово, селото Митрашинци е оддалечено 17 километри. Митрашинци има мошне голем атар којшто зафаќа површина од 54,1 км2.[3]
Remove ads
Историја
Во отомански даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621 - 1622 година е забележано село Митрасин со 64 џизие домаќинства.
Во XIX век, Митрашинци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[4] Од српските жандарми и четници убиени биле селаните Иван Пуздерков, Ефтим Лубенов, Трајан Цонкинов, Ефтим Продански, Серафим Марков, Илија Преметаров и други.[4] Покрај масакрираните луѓе жандармите и четниците во ова село тепале и ограбиле околу 15—20 семејства. На ѕверско измачување биле изложени: Петре Јанков, Илија Беќаров, Георги Беќаров, Иван Чеперковски, Иван Чипев, Сако Дивичин, Георги Цоков, Илија Дивичин, Цоне Лакашов, Иван Ковачки, Иван Милев, Глигор Лачов, Васил Стојчев и други.[4]
На 17 септември 1944, во Митрашинци биле создадени Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Remove ads
Стопанство
Во атарот на селото преовладуваат шумите на површина од 2.933 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.608 хектари, а на пасиштата 844 хектари. Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[3] Населението главно се занимава со житарство, а се одгледува и компир и модра слива. Некои семејства одлгедуваат по 2000 дрвја со модра слива. Во селото е развиено и сточарството, а се одлгедуваат крави и овци.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Митрашинци имало 1.150 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрашинци имало 1.216 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци.[8]
Поради иселување на населението, Митрашинци според бројноста на жителите преминало од голема во средна населба, а по големиот пад во последните два пописи е забележано стабилизирање на бројката на населението. Така, селото во 1961 година броело 1.149 жители, а во 1994 година се намалил на 794 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 729 жители, од кои 728 Македонци и 1 Србин.[9] Во селото има околу 350 куќи.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 519 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Познати родови со потекло од селото се: Стоилковци, Тркалевци, Боболинци, Цонкинци и Газинковци . Се вели дека во селото има цели маала населени со припадници на родовите Тркалевци и Газинковци.[2]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение[15], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Детска градинка 23 Август[16], клон на градската градинка од Берово
- Амбуланта
- Културен дом
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Митрашинци.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Митрашинци се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Негрево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0012 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 568 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[19]
- Будица — населба од неолитското време;
- Дивидија — средновековна некропола;
- Манастир — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Св. Илија — старохристијанска црква;
- Селиште — средновековна населба;
- Шумутница — населба од римското време.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Илија“ — новоизградена црква на местото близу наоѓалиштето во кое е пронајдена старохристијанската црква Свети Илија.
- Споменици
- Спомен-плоча во чест на Четиринаесеттата македонска ударна бригада.
Remove ads
Редовни настани
- Света Троица — главна селска слава;[21]
- Илинден — црковно-народен собир во дворот на црквата „Св. Илија“ во селото;
- Голема Богородица — црковно-народен собир; и
- Митровден — црковно-народен собир.
Личности
- Живееле во Митрашинци
- Славчо Стоилковски (р. 1981) — македонски учител и виолончелист, кој живее во Латвија.
- Гоце Стоилковски (р. 1980) — предава во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје
- Починати во Митрашинци
- Димитар Поп Стаматов (1880-1904) — револуционер и војвода.
Култура и спорт
Традитионално, пред Илинден се одржува илинденски турнир во мал фудбал.[2]
Галерија
- Игралиштето покрај основното училиште
- Спомен плочи на училиштето
- Плоча за изработениот портрет на Тито во 1944 година
- Улица во селото
- Стара куќа во селото
- Поглед на дел од селото
- Стар амбар
- Поглед на селото
- Поглед на Митрашинци
- Селската продавница
- Поглед на Митрашинци од новоизградената црква „Св. Илија“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads