Димитар Циев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димитар Циев
Remove ads

Димитар Циев (роден на 1939 во Струмица - 27 јули 2010 во Охрид) — поранешен југословенски и македонски одбојкар и прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Одбојкарските кариера Циев ја започнал во Струмица. По завршувањето на средното образование, тој заминал на студии во Белград, каде и продолжил да се занимава со одбојка. Во Белград завршил Факултет за физичка култура. По дипломирањето се вратил во родната Струмица и го формирал одбојкаркиот клуб „Југославија“, во кој бил активен одбојкар, а подоцна и тренер.

Во својата богата тренерска кариера, Циев бил тренер во одбојкарските клубови во Струмица, Штип, Берово, Велес, Пробиштип и Скопје.

По осамостојувањето, во периодот од 1991 до 1997 година, Димитар Циев бил прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација и паралелно со тоа активно бил вклучен во работата на органите и телата на Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ).

Во следните години бил професор на факултетот за физичка култура, сè во 2004 година кога заминал во пензија[1].

Димитар Циев ненадејно починал на 27 јули 2010 во Охрид.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads