Севернофризиски јазик

јазик From Wikipedia, the free encyclopedia

Севернофризиски јазик
Remove ads

Севернофризиски јазик — малцински јазик во Германија, со околу 10.000 говорници во областа Северна Фризија.[1] Јазикот е дел од групата на фризиски јазици во состав на западногерманското јазично семејство.

Кратки факти Севернофризиски јазик, Застапен во ...
Remove ads

Класификација

Најсродни на севернофризискиот се другите два фризиски јазика - затерландскиот фризиски (источнофризиски) од северозападна Долна Саксонија во Германија и западнофризискиот јазик што се говори на северот на Холандија. Заедно, овие јазици ја сочинуваат групата на фризиски јазици.

Во блиско сродство со фризиските јазици е и англискиот, и припаѓаат на пошироката група на англофризиски јазици. Оваа група пак, заедно со долногерманскиот, ја сочинува поголемата целина од северноморските германски јазици, со тоа што долногерманскиот бележи самостоен развој веќе подолго време, па затоа покажува поголеми разлики од останатите.[2]

Remove ads

Дијалекти

Преглед

Севернофризискиот има 10 дијалекти што се делат на две наречја: континентално и островско.;[3] Исклучок од ова е дијалектот што се говори на островот Халиген, кој сепак припаѓа на континенталната група. Дијалектите се следниве:

Островско наречје
Континентално наречје
  • видингхардски
  • бекингхардски (мориншки)
  • кархардски
  • северногесхардски
  • средногесхардски
  • јужногесхардски (мртов од 1981 година)
  • халингенски

Споредба

На табелава се прикажани сличностите и разликите помеѓу разни севернофризиски дијалекти.[4]

Повеќе информации Дијалект, татко ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads