Диња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.
Remove ads
Потекло
Дињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години.
Плод

Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.
Хранлива вредност
Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со
- калиум (320 милиграми),
- фосфор,
- магнезиум,
- калциум,
- железо,
- цинк
- бакар.
Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува '24 kcal.' Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.
Remove ads
Употреба
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads