Прехранбени влакна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Прехранбени влакна (растителни влакна или прехранбени влакна) — несварлив дел од храната од растително потекло. Има два дела:

  • растворливи влакна — се раствораат во вода и лесно ферментираат во дебелото црево, претворајќи се во гасови и физиолошки активни нуспроизводи и можат да бидат пребиотски и вискозни.
  • нерастровливи влакна — не се раствораат во вода и се метаболички интертни, па така се задолжени за , или пак можат да бидат пребиотски и метаболички да се ферментираат во цревото. Неферментираните влакна впиваат вода движејќи се низ системот за варење и со тоа го олеснуваат празнењето на столицата.[1]

Прехранбените влакна можат да делуваат менувајќи ги особините на храната во системот за варење и менувајќи го примањето (впивањето) на другите хранливи материи и хемикалии.[2] Некои видови растворливи влакна впиваат вода и образуваат пивтиеста вискозна супстанција која се ферментира од бактериите во системот за варење. Други видови делуваат изметот да добие на обем и затоа не се ферментираат.[3] Лигнинот, кој е важен извор на нерастворливи влакна, може да го измени работата метаболизмот на растворливите влакна.[1] Трети видови пак, наполно се ферментираат (ваков е особено отпорниот сроб).[4]

По хемиски состав, прехранбените влакна се состојат од нескробни полисахариди како арабиноксилани, целулоза и многу други растителни состојки како отпорниот скроб, отпорните декстрини, инулинот, лигнинот, восоците, хитините, пектините, бета-гликаните и олигосахаридите.[1] Поимот „влакна“ не е секогаш соодветен, бидејќи многу видови на таканаречени прехранбени влакна не се навистина влакнести по структура.

Храната која содржи прехранбени влакна најчесто се дели според тоа дали претежно содржи растворливи или нерастворливи влакна.

Предноста на исхраната богата со прехранбени влакна е во благотворните соединенија кои се создаваат со ферментацијата на растворливите влакна и способноста на нерастворливите влакна (преку нивните пасивни хигроскопни својства) да го зголемат обемот на изметот, да ја сменкат столицата и да го намалат времето на премин низ цревата. Непожелна последица од ваквата исхрана може да бидат зголеменото производство на гасови и надовување на стомакот.

Remove ads

Видови и извори на прехранбени влакна

Хранлива материјаПрехранбен адитивОблик / изглед
водонерастворливи прехранбени влакна
β-гликани (од кои неколку се водорастворливи)
   ЦелулозаE 460житарки, овошје, зеленчук (начелно, во сите растенија)
   Хитинво габи, корупките на инсектите и раковите
Хемицелулозажитарки, трици, дрвена маса, мешунки
   Хексосанпченица, јачмен
   Пентосан’рж, овес
Лигнинјатки на овошја, зеленчук (жилките на гравот), житарки
КсантанE 415се произведува со бактеријата Xanthomonas од шеќерни супстрати
водорастворливи прехранбени влакна
Фруктанизамена или додаток во скробот на извесни растителни таксони како складиштен јаглехидрат
   Инулиннајразлични растенија, како шарлаганот, голицата (цикорија) итн.
Полиуронид
   ПектинE 440во лушпа на овошје (претежно јаболкото, дуњата), зеленчук
   Алгински киселиниE 400–E 407во алги
      НатриумалгинатE 401
      КалиумалгинатE 402
      АмонијакалгинатE 403
      КалциумалгинатE 404
      ПропиленкликолалгинатE 405
      АгарE 406
      Ирски мовE 407црвени алги
Рафинозамешунки
Ксилозамоносахарид, пентоза
ПолидекстрозаE 1200синтетски полимери, ca. 1 ккал/г
Лактулозасинтетски дисахарид

Растителни извори на прехранбени влакна

Thumb
Мешунките содржат здрави прехранбени влакна

Некои растенија содржат големи количества на растворливи и нерастворливи влакна. На пример, лушпата на сливата содржи нерастворливи влакна, а месестиот дел е богат со растворливи влакна. Грозјето е исто така познато како значаен извор на прехранбени влакна.[5]

Растворливите влакна се содржат во различни количества во сите храни од растително потекло, меѓу кои:

Нерастворливите влакна се застапени во:

Remove ads

Застапеност на прехранбени влакна во разни храни

Следи табела на Федералната служба за надзор врз потрошувачките права и човечката благосостојба на Русија, за застапеноста на прехранбените влакна во разни производи во грамови на 100 грама и грамови на 100 килокалории.

Житарки, тестенини, печива, оревести плодови

Повеќе информации Производ, Енергетска вредност, ккал/100 г ...

Зеленчук, мешункасти растенија, овошје, бобинки

Повеќе информации Производ, Енергетска вредност, ккал/100 г ...
Remove ads

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads