Диџеј Бабура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Диџеј Бабура, со вистинско име Љупчо Петровски ( 1972 - Скопје, 22 јануари 2016 ) - македонски диџеј.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Почетоците му датираат од неговиот ангажман во радиото „Мега ФМ“ (заедно со колегата диџеј Хитмен) во почетокот на 1990-тите. Подоцна, Бабура се префрлил во редовите на “Антена 5” радио, каде што останува сè до почетокот на 2000-тите. После тоа станува дел од екипата на „Сити Радио“.

Диџеј Бабура најчесто пуштал хаус музика, а настапувал и паралелно со најпознатите светски диџеј-имиња кои гостувале во Македонија.

Во 2005 година:

  • ја делел бината со диџеј Тиесто на неколку концерти низ југоисточна Европа.
  • излегол негов миксан компакт диск од едицијата „Витамини“ во издание на „Сити Радио“.
  • го издал ремиксот на песната „Ајде Да Летаме“ на Каролина Гочева и Новоградска (1. Радио верзија, 2. Денс верзија, 3. Инструментална верзија).

Диџеј Бабура бил еден од сопствениците на гореспоменатото Сити Радио.

По кратко боледување, Диџеј Бабура починал во Скопје на 22 јануари 2016 година. Зад себе ги оставил сопругата Елена и два малолетни сина, близнаците Јаков и Јаким.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads