Туркохор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Туркохорmap
Remove ads

Туркохор (грчки: Πατρίδα, Патрида, книжевно: Πατρίς, Патрис, старо Τουρκοχώρι, Туркохори) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Туркохор Πατρίδα, Земја ...

Крај селото се наоѓа Добренскиот манастир „Успение на пресв. Богородица“, на местото на некогашното село Добра.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото е оддалечено околу четири километри северозападно од градот Бер, крај главниот пат што води од Бер за Негуш, на надморска височина од 120 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри.

Селото се наоѓа во Солунското Поле, на пет километри јужно од селото Јанчишта. На еден километар јужно од селото е маалото Креватас или Кревата (Κρεββατάς), која во минатото се водело како одделно село.

Remove ads

Историја

Во 1922 година во селото биле населени 124 бегалски семејства со вкупно 458 жители, понтски Грци од Карс и Кавказ.

Стопанство

Селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи.[2]

Население

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 80-тите години на XIX век во Туркохори имало 14 куќи.[3] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 170 Македонци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаворница (Yavornitza) имало 240 жители.[5]

Во 1910 година во Туркохор (Τουρκοχώρι) имало 130 жители.[6]

Во 1913 година, селото е забележано со 83 жители, од кои 52 мажи и 31 жена, а во 1920 година со 58 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 124 бегалски семејства со вкупно 458 бегалци, така што селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 468 жители. Во 1940 година селото имало 689, во 1951 година 686, во 1961 година 826, во 1971 година 782, во 1981 година 994, а во 1991 година 1.177 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.287 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.492 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Туркохор, во кој покрај селото Туркохор влегува и самиот Добренски манастир.

Општествени установи

  • Амбуланта
  • Градинка
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости

Цркви
Споменици
  • Споменик на Евстатиос Хорафас — водач на понтските доселеници

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads