Добри Лаки
село во Петричко/Мелничко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Добри Лаки (бугарски: Добри лаки) — село во Каршијак, Пиринска Македонија, денес во Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Сместено е недалеку од границата со Република Македонија, односно Општина Берово.
Remove ads
Географија
Селото е сместено во планинско подрачје, во подножјето на Малешевските Планини, во историско-географската област Каршијак. Ова мало и китно селце располага со богата природа. Низ него тече реката Лебница која има големо стопанско значење за местото. Добри Лаки лежи 34 км од општинското седиште Струмјани, а најблиско населено место од бугарска страна е Клепало (7 км).
Историја
Во XIX век Добри Лаки било помало чисто македонско село, кое прво ѝ припаѓало на Мелничката, а по 1878 г. на Петричката каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрил’к (Dobrilëk) било село во Мелничката каза со 60 домаќинства од 200 жители Македонци.[1][2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 620 Македонци-христијани[1][3].
Во селото работела бугарската пропаганда на духовен и образовен план. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Добролаки (Dobrolaki) имало 784 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија. Во него работело 1 основно бугарско училиште со 1 учител и 27 ученици.[4]
Црквата „Св. Троица“ е завршена во 1913 година.[5]
Remove ads
Личности
- Васил Гаврилов Ѓуров (1916 – 1996) — околиски лекар, основоположник на бањското лекување во Пиринска Македонија; исцедувал и блатни подрачја во борба против маларијата во тој дел на Македонија.
- Георги Тренчов — револуционер од ВМОК, војвода на чета во Петричко за време на Горноџумајското востание[6]
- Борис Иванов Костадинов (1912 - 1987) — учесник во Битката на Драва (Дравската операција)
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads