Клепало (село)

село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Клепало (село)map
Remove ads

Клепало (бугарски: Клепало) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Клепало, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на Малешевските Планини, во непосредна близина на границата со Македонија, по северната долинска падина на малата десна притока на Клепалска река која тече источно од селото на југ, која се влева во Добрилашка река, река Лебница и Река Струма - чија десна притока е Лебница. Надморската височина во југоисточниот дел на селото е околу 1020 m, а на север и запад се искачува на околу 1080 - 1090 m.

Најблизок град до селото е Берово. Најблиски пирински села се Раздол (7 км), Добри Лаки (5 км), а пооддалечени се Цапарево (17 км) и Микрево (30 км). Градот Свети Врач (Сандански) е на растојание од 45 км, а Горна Џумаја (Благоевград) е на 85 км. Патот од Микрево за Клепало е во лоша состојба, но попроблематична е делницата Илинден-Студената Вода.

Третокласниот Републички пат III-1008 од село Струмјани води кон запад преку селата Микрево и Раздол до селото Клепало. Отстапувањата од овој пат водат до селата Цапарево и Горна Рибница.

Атарот на селото Клепало се граничи со атарите на: селото Горна Рибница на север; селото Раздол на север и исток; селото Добри Лаки на југ. На запад и север, земјата на селото Клепало се граничи со Република Македонија. Недалеку од селото, на самата македонска граница се наоѓа предвидениот граничен премин „Клепало“, кој уште во 1993 година е подготвен од македонска страна (асфалтиран пат и гранични објекти), но останал неостварен од бугарската.[3]

На атарот на Клепало има две микробрани.[4]

Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клепала (Klépala) било село со 6 домаќинства од 25 жители Македонци.[5][6] Во 1902 г. населението зело учество во Горемското востание.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1922 година било отворено првото училиште.

Селото има една црква, „Свети Петар и Павле“, изградена по 1997 г. На 1 јануари 2018 година, населението броело околу 20 жители.

Remove ads

Население[5][7]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]

Број на население
Вкупно12
Бугари12
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор-

Стопанство

Мештаните се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Редовни настани

Селска слава е Петровден.

Занимливости

Ридот Клепало на Антарктичкиот Полуостров е наречен по селото.[10][11]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads