Добросељане (Челопек)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Добросељане археолошко наоѓалиште во кумановското село Челопек. Претставува населба од римско време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на површина од околу 50 декари се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цевки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изградбата на фабриката за чевли „ЧИК“, погон „Челопек“, се извршени заштитни археолошки истражувања. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads