Кула (Челопек)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кула археолошко наоѓалиште во кумановското село Челопек. Претставува населба, кастел со некропола од праисторија и доцна антика. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од еден долг гребен што почнува од врвот Чука и завршува во долината на реката Пчиња. Покрај источниот крај поминува патот што ги поврзува Кумановската и Врањанската област. Кула претставува долга тераса, со мошне стрмни и речиси непристапни страни, со исклучок на источната која косо паѓа до реката. На површината се распознаваат остатоциод темели на бедем, а има и повеќе гробни конструкции разоткриени од ерозијата. Неколку гробови се прекопани од диви копачи. Според конструкциите и позицијата на гробовите, сосема е сигурнодека некрополата е од доцна антика (IV-VI век) и му припаѓала на населението од кастелот. Приближно на средината од северниот раб на висорамнинката се најдени и фрагменти од атипична праисториска керамика.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads