Доксициклин

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Доксициклин
Remove ads

Доксициклинот е антибиотик кој се користи во третманот на голем број на инфекции предизвикани од бактерии и протозои. Се употребува за лекување на бактериска пневмонија, акни, хламидиоза, колера и сифилис.

Кратки факти Клинички податоци, Заштитени имиња ...

Доксициклинот е антибиотик со широк спектар на дејство од класата на тетрациклини. Како и другите лекови од оваа група дејствува преку инхибиција на синтезата на белковини.

Remove ads

Интеракции

Истовремена употреба на терациклини и метоксифлуран може да резултира со фатална ренална токсичност.

Историја

Откако пеницилинот го револуционизирал третманот на бактериски инфекции во II светска војна, многу хемиски компании се насочиле кон откривање на антибиотици со биопроспектинг. Една од тие компании била и American Cyanamid, и во доцните 1940-ти тамошните хемичари го откриле хлортетрациклинот, првиот член на тетрациклинската класа на антибиотици.[1] Кратко потоа, научниците во Фајзер (Pfizer) го откриле терамицинот. И двете соединенија, како и пеницилинот, биле природни производи и се верувало дека нив ги усовршила природата, и понатамошни промени во нивната структура само ќе ја намали нивната ефикасност. Научници во Фајзер предводени од Лојд Коновер ги модифицирале овие соединенија, што довело до откривање на самиот тетрациклин, првиот полусинтетски антибиотик. Групата на Чарли Стивенс во Фајзер работела на откривањето на дополнителни аналози и притоа создале еден кој имал значително подобрена стабилност и фармаколошка ефикасност: доксициклинот. Клинички бил развиен во раните 1960-ти и одобрен за ставање во промет од FDA во 1967.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads