Долна Враштица

село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia

Долна Враштицаmap
Remove ads

Долна Враштица — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на северните падини на Смрдеш. Во близина на селото е Горна Враштица. Селото е сместено веднаш над патот кој се движи покрај вештачкото езеро Мантово. Патот покрај езерото Мантово бил изграден во 2013 година, со што општината Конче се поврзала со Општина Штип.[2]

Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[3]

Историја

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 125 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Долна Враштица (Dolno-Vrachtitza) имало 144 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото било целосно напуштено во текот на 1980-тите години.

Според пописот во 2002 година, селото Долна Враштица било целосно раселено и немало постојано население.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Долна Враштица било македонско село. Селата Горна и Долна Враштица ги основале двајца браќа многу одамна. Родовите во селото се сметаат за староседелци.[12]

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото:

  • Староседелци: Гроздановци (Ристовци, Димовци, Илијовци и Ѓоргевци) (5 к.). Јевремовци (Камчовци и Ристовци) (3 к.). Смоковци (Ѓоргевци и Ристовци) (3 к.). Колевци (Ристовци, Митевци и Петровци) (4 к.). Вчковци (Митевци и Моневци (2 к.) и Јовановци (1 к.)

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Долна Враштица, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1617 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Габревци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 253 гласачи.[14]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads