Тетовски дијалект
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тетовски дијалект[1] (познат и како: долнополошки; месно познат како: тетосќи) — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Тетовскиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот Тетово, општина Брвеница и општина Јегуновце (без селата Вратница, Беловиште, Старо Село и Рогачево кои го говорат вратничкиот дијалект). Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множинска наставка.[2]

![]() |
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |

Remove ads
Фонолошки одлики
- старото самогласно л е заменето со групите у/ лу/ ла: јаболко > јабука , солза > слăза;
- употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
- употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
- употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут[3]
Морфолошки одлики
- употреба на наставката -мо за прво лице множина: одиме > идемо
- непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
- согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
- употреба на предлогот у: во град > у град[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads