Долношлеска Горна Лужица (округ)
поранешен округ во Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долношлеска Горна Лужица (германски: Niederschlesischer Oberlausitzkreis) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, најисточен округ на Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Лебау-Цитау, Бауцен, Каменц и округот Шпре-Ниса во Бранденбург. Слободниот град Герлиц бил на исток, до границата со Полска.
Remove ads
Историја
Територијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлеска. Кога поголемиот дел од Шлеска припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлеската покраина бил споен со Саксонија.
Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Remove ads
Географија
Главната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.
Партнерства
Грб
| Камениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската покраина Долна Шлеска (Niederschlesien). |
Градови и општини
Надворешни врски
- Официјална страница (германски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
