Каменц (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — поранешен округ во североисточниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Шпре-Ниса, Долношлеска Горна Лужица, Бауцен, Саксонска Швајцарија, слободниот град Дрезден и окрузите Мајсен и Риза-Гросенхајн. Слободниот град Хојерсверда бил целосно опкружен од округот.
Remove ads
Историја
Округот бил создаден во 1994 од претходниот округ Каменц, северните делови на округот Дрезден-Ланд, околу Радеберг и округот Хојерсверда, освен градот Хојерсверда, кој станал слободен град. Од 1994 до 1996 бил наречен Westlausitz - Dresdner Land, но бил преименуван потоа повторно во Каменц. Во август 2008, округот Каменц и Хојерсверда биле припоени кон округот Бауцен.
Географија
Две поголеми реки во округот се Шпре и Шварце Елстер.
Партнерства
Од 14 декември 1990, округот има партнерство со округот Алцај-Вормс во Рајнска област-Пфалц.
Грб
![]() | Боите на грбот се оние од Горна Лужица. Црното крило на десната страна е симбол на грофовите од Каменц. Листот од липа на врвот на левата половина стои за лужичкосрпското малцинство. Разбрануваната линија долу ги симболизира трите реки, Редер, Елстер и Шпре. Трите прстени долу го симболизира обединување на претходните окрузи. |
Градови и општини
Надворешни врски
- Официјална страница Архивирано на 21 декември 2014 г. (германски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads