Врбени (Леринско)
село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врбени или Долно Врбени (грчки: Ιτέα, Итеја; до 1926 г. Βύρμπενη, Вирбени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 542 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во Леринското Поле, 17 км североисточно од Лерин крај Стара Река (Палиорема).
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Врбени (или Долно Врбени, за да се разликува од Горно Врбени или Екши Су) е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го забележал Вербини како македонско село.[4][5] Во 1861 г. Јохан фон Хан на неговата етничка карта го обележал Вербени како македонско село.[4][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Врбени (Dolno-Vrbéni) имало 200 домаќинства со 615 жители Македонци.[7][8] Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ во 1889 г. во Врбени живееле 152 семејства, сочинети од 732 Македонци.[4][9]
На чело на меснот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Георги Везанков.[10] За време на Илинденското востание во селото е убиен Филип Маврев, а загинале и селските четници Миленко Толев и Стефо Трајков.[11]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Врбени (Долно Врбени) имало 690 жители Македонци.[7][12] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 624 Македонци, сите под егзархијата.[7][13]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 75 куќи.[14]
Во првите денови на април 1908 г. власта извршила претрес на селото, спроведен со измачувања и насилства.[15] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.[3]
Во Грција


По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 677 жители.[3] За кратко селото било окупирано од бугарската армија во Првата светска војна, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. По војните, во 1920 г. Врбени имало 548 жители.[3] Во 1926 г. властите му го смениле името во Итеја („врба“), преведувајќи го македонското.[16] Во 1928 г. во селото се попишани 496 лица.[3]
Во 1940 г. селото нараснало на 891 жител, опоравувајќи се од загубите и страдањата војните.[3] Истата 1940 г. грчката жандармериска управа во Лерин составила список на луѓе чија национална свест е „опасна за државата“, и в него се заведени семејствата на Лазар Николов и Вангел Мавров од Врбени. Во 1941 г. за време на Втората светска војна Врбени потпаднало под бугарска окупација и во него е воведена бугарска општинска власт. По повлекувањето на окупациските сили, 12-мината членови на овој општински совет се стрелани на селскиот плоштад.
Малаувањето на жителите зо 1960-тите се должи на силно иселување во прекуокенаските земји. Денес селото и понатаму е чисто македонско, во кое македонскиот јазик се употребува секојдневно.
Remove ads
Цркви
Во селото има три цркви:[17]
- „Успение на пресв. Богородица“ (изг. 1930)
- „Рождество на пресв. Богородица“ (изг. 1912)
- „Св. Никола“
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство

Населението одгледува жито и тутун, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Личности
- Георги Везанков (1871 - 1911) — македонски свештеник и револуционер
- Георгиос Љољас — гркомански андартски капетан
- Георги Трајков (1898 - 1975) — политичар и државен деец во Бугарија
- Доне Трпенов — македонски револуционер, деец на МРО[18]
- Павел Мавчев (1875 - 1925) — македонски револуционер
- Петар Трајков (1896 - 1964) — македонски револуционер
- Стефан Ролев (1865 - ?) — македонски револуционер
- Ташко Костов (1874 - ?) — македонски револуционер
- Димитар Хаџикиров (1912 - 1993) — македонски партизан
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads