Долно Крушје
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Крушје — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот е заеднички со селото Горно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Долно Крушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 512 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 560 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 137 жители, а во 1994 година само 36 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Крушје имало 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 13 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Долно Крушје е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, кои дошле од раселениот град Закамен.
Родови во селото Долно Крушје се:
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0235 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква; и
- Црква „Св. Илија” — манастирска црква.
Личности
Личности родени во Долно Крушје:
- Милан Божиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Теодосија Јосифоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Стојче Крстески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Мирко Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Миливој Божиноски (1926 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
- Никола Миленкоски (1902 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
Remove ads
Галерија
- Поглед на селото
- Амбар во селото
- Црквата „Св. Никола“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads