Долно Нерези

село во Општина Карпош From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Нерезиmap
Remove ads

Долно Нерезископска населба во западниот дел на Општина Карпош. На југ се граничи со планината Водно, на исток со населбите Жданец, Козле и Тафталиџе 2, на север со Карпош 4, додека на запад со реката Вардар, односно населбите Хром и Влае.

Кратки факти
Thumb
Станбени објекти во Долно Нерези, 1964 г., подарок од Норвешка по скопскиот земјотрес.
Remove ads

Историја

На крајот на XIX век Долно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4]

Remove ads

Опшествени установи

Културни знаменитости

  • Долно Нерези — археолошко наоѓалиште од римско време каде се најдени две латински плочи, од кои едната посветена божицата Деја Сирија (Атаргатис)

Демографија

Според пописот од 2002 година Долно Нерези било попишано со Средно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[5]

Народност Вкупно
Македонци 10 288
Албанци 1 353
Турци 93
Роми 19
Власи 58
Срби 378
Бошњаци 14
други 217

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads