Средно Нерези

населба во Општина Карпош, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Средно Нерезиmap
Remove ads

Средно Нерезископска населба во западниот дел на Општина Карпош, сместена на падините на Водно.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Населбата се наоѓа малку над населбата Долно Нерези, и понекогаш се смета за дел од неа. Сместена е во југозападниот дел на градот, на исток од реката Вардар и на југ од булеварот „Македонија“.

Историја

Местото непрестајно населено уште од брозеното време, за што сведочи старата населба во денешното наоѓалиште Круша.

На крајот на XIX век Средно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4]

Remove ads

Демографија

Според пописот од 2002 година Средно Нерези било попишано со Долно Нерези и заедно имале 12 418 жители.[5]

Народност Вкупно
Македонци 10 288
Албанци 1 353
Турци 93
Роми 19
Власи 58
Срби 378
Бошњаци 14
други 217

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — градиште од раноантичко време
  • Круша — населба од бронзено време и некропола од железно и римско време

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads