Долно Папратско
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Папратско (грчки: Κάτω Πτεριά, Като Птерија, до 1928 Κονομπλάτι, Кономблати)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 21 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во близина на грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 740 метри.
Историја
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 105 жители Македонци[3][4] Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 88 македонски патријаршисти[3][5]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 75 жители[6]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства[7].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Папраско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 11 куќи.[8]
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 442 жители заедно со Горно Папратско, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 103 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Като Птерија.[10]
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Албанија или во социјалистичките земји од Источна Европа.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото броело 113 жители.[11], додека во 1940 година селото броело 191 жител. На пописот од 1951 и 1961 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека во 1971 година имало 36 жители, во 1981 година имало 28 жители, додека во 1991 година имало 36 жители[12]. Денеска, населението на селото е 42 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads