Долно Строгомиште

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Строгомиштеmap
Remove ads

Долно Строгомиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево.

Историја

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Остроголишта (Долно и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Строгомиште живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[4]

Според податоците од 2002 година селото има 698 жители. 692 жители, од различни причини, се декларирале Албанци, 1 Србин и 5 останати.[5]

Најголем дел од населението претставуваат Македонци-муслимани.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 337 Македонци и 18 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Долно Строгомиште е торбешко село.

Родови во селото се: Рушовци (25 к.) и Мемовци (20 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од соседното село Горно Строгомиште.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 818 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads