Општина Зајас

поранешна општина во западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Зајас
Remove ads

Општина Зајас — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Зајас. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Осломеј, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.

Општина Зајас
денес дел од Општина Кичево

Thumb

Местоположба на поранешната Општина Зајас.
Thumb Thumb
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеЗајас
Регион Југозападен
Површина161,08 км2
Основана2004
Службен јазикмакедонски и албански
Демографија
Население11.605 жит.
Густина72,04 жит./км2
Населени места
НародностиМакедонци и Албанци
Самоуправа
ГрадоначалникБесим Велиу (последен градоначалник)
Совет15 члена
Контактни податоци
Thumb
Карта на Општина Зајас (2004-2013) со селските атари.

Територијата на Општина Зајас е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово и Општина Кичево на југ, Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврови Анови и Општина Ростуша) на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново и Општина Долна Бањица) на север и Општина Осломеј на исток.

Remove ads

Географија

Општина Зајас се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 161,08 км2. На север општината граничела со општините Маврово и Ростуше и Гостивар, на запад со Маврово и Ростуше, на исток со Осломеј, на југ со Кичево и на југозапад со Другово. Низ општината течела Зајаска Река, а поголеми планини биле Буковиќ и Бистра.

Remove ads

Демографија

Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 11.605 жители со густина на население од 72,04 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:

Народност Број Удел
Македонци* 211 1.82%
Албанци* 11.308 97.44%
Срби 6 0.05%
други 80 0.69%
* Во општината има значаен број Македонци-муслимани кои се изјасниле како Албанци поради различни политички причини.

Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Зајас во 2011 паднал за 35.5% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Зајас е втора општина по падот на вкупниот број на ученици.[3]

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:

јазик број
македонски 202
албански 11.317
влашки 1
српски 1
други 78

Религија на населението според пописот од 2002 година:

религија број
православие 208
ислам 11.303
католицизам 9
други 85
Remove ads

Администрација и политика

Последен градоначалник на општина Зајас бил Бесим Велиу од редовите на ДУИ. Општината имала вкупно 15 советници кои го претставувале 13 села од општината.

Во склоп на општина Зајас биле следниве села: Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани и Тајмиште.

Економија

Значаен индустриско-стопански објект во општината бил рудникот Тајмиште. Населението претежно се занимавало со трговија, сточарство и земјоделство.

Иселеништво

На добар дел од вкупното население на општината Општина Зајас не им било место на постојано живеалиште. Албанското население најмногу се иселува во Швајцарија, Германија и Италија.[1]

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Петка“ во Тајмиште.
Цркви
  • Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ во Тајмиште - изградена во 1861 година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од Галичник, изработени во 1928 година[5].
  • Црква „Преподобна Параскева“ во Тајмиште- постара црква која е обновена во 1975/76 година, кога е изработен и фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски. Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.[5]
  • Црква „Св. Петка“ - Мидинци
  • Црква „Св. Никола“ во Букојчани- изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Лазарополе, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
Археолошки наоѓалишта[6]
Remove ads

Личности

Thumb
Војо Стојановски, македонски пејач.

Некои познати личности од општината се:

  • Мемед Алија Велиоски - македонски партизам роден од Бачишта;
  • Бранко Наумоски (1951) - македонски правник, омбудсман и уставен судија, роден од Букојчани;[7]
  • Војо Стојановски (р. 1949) - македонски пејач, роден од Букојчани;
  • Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач, роден од Букојчани;[8]
  • Билјан Стојановски - македонски фолк пејач, роден од Букојчани;
  • Али Ахмети, македонски политичар, роден од Зајас.
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads