Драги Канатларовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Драги Канатларовски (Битола, 8 ноември 1960 ) — македонски фудбалски тренер и поранешен играч. Настапувал за репрезентацијата на Југославија и за репрезентацијата на Македонија.

Кратки факти Драги Канатларовски, Лични податоци ...
Remove ads

Проблем со името

Крстеното име му е Драги, а не Драган како што често го мешаат. Забуната настанува бидејќи воМакедонија Драги е еден од прекарите на оние што се викаат Драган, но не и во овој случај.[1] Сличен проблем има и голманот на репрезентацијата на Македонија, Томе Пачовски, кој по грешка го нарекуваат Томислав.[2]

Играчка кариера

Роден во Битола,[3] СР Македонија, играл за клубот во неговиот роден град, ФК Пелистер, пред да се пресели во ФК Вардар каде играл четири сезони. Во 1989 година се преселил во Црвена ѕвезда Белград. Во Белград играл една сезона, но беше доволна за да го освои двојниот натпревар, првенството на Југославија и Купот на Југославија. По таа сезона се преселил во Шпанија каде бил вицешампион во Сегунда дивизион во летото 1991 година и му помогнала на Депортиво Ла Коруња да се врати во Ла Лига каде што играл во сезоната 1991-92, откако стигнал до полуфиналето на Шпанскиот куп.

Репрезентативна кариера

Својот единствен натпревар за СФР Југославија го одиграл против Полска, на пријателскиот натпревар одржан на 28 март 1990 година. По распадот на Југославија, настапувал за Македонија со одиграни девет натпревари, при што постигнал два гола, помеѓу 1993 и 1995 година. Настапил на првиот официјален натпревар на Македонија, одигран на 13 октомври 1993 година, против Словенија.[4]

Remove ads

Репрезентативни голови

Повеќе информации #, Датум ...

Постигнувања

Првенство
  • Пелистер: 1982
  • Црвена звезда: 1990
Куп
  • Пелистер: 1985
  • Црвена звезда: 1990

Тренерска кариера

Два пати бил селектор на Република Македонија. Првиот мандат му завршил поради тоа што Република Македонија не успеала да се квалификува за СП 2002 година. Потоа станал тренер на ФК Беласица[5], каде добил отказ во јуни 2002 година.[6] Во септември 2002 година станал тренер на ФК Куманово,[7] потоа на ФК Победа од декември[8] до јуни 2003 година кога истовремено ја извршувал и селекторската функција на репрезентацијата.[9] Од јануари 2004 година ја извршувал само функцијата селектор на репрезентацијата.[10]

Неговата втора магија заврши поради лошите резултати во квалификациските натпревари за Светското првенство 2006 година, особено поради поразот од Андора. Потоа на негово место дошол Слободан Сантрач.

Во декември 2005 година станал тренер на ФК Вардар.[11]

Во 2008 година станал тренер на Локомотив Пловдив.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads