Драгоево

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Драгоевоmap
Remove ads

Драгоево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Штип, во долното сливно подрачје на реката Крива Лакавица, од нејзината лева страна, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Неготино.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 10 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2433, а во минатото покрај селото поминувал и стариот пат за Криволак и Неготино.[2]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Драгоево било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[3]

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 25,6 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 931,1 хектар, на шумите отпаѓаат 836,2 хектари и на пасиштата 628,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во него имало фабрички погон, земјоделска задруга и продавница.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгоево живееле 425 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци, 200 Македонци и 25 до 50 Власи.[5]

Од Драгоево се иселило повеќе од половината од неговото население. Во 1961 година селото броело 674 жители, од кои 14 биле Турци, 13 Срби, а другите Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 249 жители, од кои 213 биле Македонци, 26 Власи, 5 Турци и 5 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 130 жители, од кои 113 Македонци, 3 Турци и 14 Власи.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 83 жители, од кои 52 Македонци, 6 Турци, 4 Власи и 21 лице без податоци.[7]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Драгоево:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • Поранешна амбуланта
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Драгоево било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Драгоево се наоѓале селата Едеклерци, Јамуларци, Пенуш, Селце, Скандалци, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2307 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на амбулантата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Пенуш.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 179 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 180 гласачи.[10]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви
Манастири
Џамии
  • Стара срушена џамија со минаре
Споменици
  • Споменик на НОБ на сретсело
Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads