Пенуш

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Пенушmap
Remove ads

Пенуш — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел на Општина Штип, непосредно од левата страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 260 метри.[2]

До селото води макадамски пат, кој се двои од регионалниот пат 2433.

Пенуш се граничи со селата: Тестемелци и Софилари на север и североисток, Драгоево на југоисток, Скандалци на запад и Топлик на југозапад.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Иљаница, Поп Баир, Каратал Баир, Ѓубреџик, Сеновар, Озрим, Качковица, Тефкалар, Баир Адри, Осој, Глава, Коџа Коки, Сулук Дере, Лугуж Талар, Кршај, Кавакли, Мазарлак и други.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Пенуш е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоци на некрополи и црква на наоѓалиштето Гробишта.[4]

Пенуш е едно од постарите села во долниот слив на Брегалница. Селото најпрвин живееле православни македонски родови. Подоцна, во селото почнале да се доселуваат Турци од Мала Азија, а Македонците се иселиле. Кога е извршена оваа смена на населението не се знае.[3]

Во сретселото, може да се забележат остатоци од македонски гробови во месноста Клиса. Можно е порано да постоело и црква.[3]

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, Кратовска Каза, нахија Штип со 38 христијански семејства.[5]

Во 1912 година пред отпочнувањето на Балканските војни, селото било чисто турско. Тогаш, тоа имало 70 куќи со турско население, кое постепено се иселило од селото во 1935-1941 година, а во поголема мера по 1954 година.[3]

Јужно од селото се наоѓаат големи и добро зачувани муслимански гробишта. Порано во селото постоеле две теќиња од халветскиот ред. Едното се наоѓа сретсело кое сѐ уште е зачувано, додека другото во јужниот крај на селото е срушено. На неговото место се наоѓа гробот на дервишот Оџа-деде.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 17,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 917 хектари, на шумите отпаѓаат 341 хектар, додека на обработливото земјиште 321 хектар.[2]

Селото, во основа, има земјоделско-сточарска функција.[2]

Власите биле доселени во селото поради поволните услови за сточарење. Откако добитокот е национализиран во 1947 година, само првите три домаќинства одгледувале околу 3.100 овци и 150 кози. Тие во летниот период ја чувале стоката на планините во Мариово, Битолско и Прилепско, додека зимно време престојувале во Пенуш.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото живееле 250 жители, сите Турци.[6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Пењуш (Penjuš) како турско село.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 25 до 50 Власи.[8]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година селото броело 254 жители, од кои 212 Власи, 38 Турци, 3 Албанци и еден Македонец. Во 1994 година, бројот се намалил на 39 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 8 жители, сите Турци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 8 Турци и 9 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Пенуш:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:[3]

  • Турски родови: Асанлар (2 к.), Асан-Шабанлар (2 к.), Реџеп-Агушлар (1 к.), Тафит (1 к.), Усеин (1 к.) и Мамут (1 к.), последниот род се доселил од блиското село Доброшани, а сите други живеат тука од турско време.
  • Влашки родови:
    • Доселеници: Зикови (3 к.) и Димови (1 к.), се првите Власи во селото, доселени во 1938 година од тиквешкото село Пепелиште. Зикови потекнуваат од браќата Атанас и Михаил. И основачот на родот Димови се викал Атанас. Ѓорѓиеви (3 к.), Димови (2 к.), Стерјови (2 к.), Наумови (1 к.), Јаневи (1 к.), Митреви (2 к.), Михајлови (1 к.), Ташкови (3 к.), Михајлови (1 к.), Николови (1 к.), Накови (2 к.), Атанасови (2 к.), Кркови (2 к.), Спирови (1 к.) и Михајлови (1 к.), доселени се во 1954 година од околината на Виница, Радовиш, Велес и од Тиквеш. За родот Ташкови се зборува дека се доселени од селото Доброшани, во истата област.

Иселеништво

Турското население е иселено во Турција во два брана, едните помеѓу 1935-1941 година кога се иселиле околу 10 семејства, а другите за време на СФРЈ во 1954 година. Поголемиот дел од семејствата денес живеат во Акхисар и Измир, а помалку и во Истанбул.[3]

Во градот Штип живее родот Пенушиеви, чии прадедовци се иселиле од селото.[3]

Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Пенуш било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Пенуш се наоѓале селата Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Селце, Скандалци, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2307 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на амбулантата во селото Драгоево.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 179 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 180 гласачи.[13]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Гробишта — средновековна црква со некропола.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads