Драгожани
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгожани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожани живееле 130 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Дрогрижани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 24 куќи.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгожани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Драгожани брои 156 жители, од кои 155 Македонци и 1 останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 112 Македонци, 3 Албанци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.
Родови во Драгожани се:
- Доселеници: Марковци (4 к.), доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Фидан (жив на 20 г. во 1951 година) Пере-Толе-Трајче-Марко кој се доселил во селото; Димовци (9 к.), доселени се од Охридско, овде живеат од кога и Марковци; Ќепенковци (8 к.), доселени се кога и претходните родови од прилепското село Чепигово; Љаковци (3 к.), стари деленици се од Ќепенковци; Домазетовци (9 к.), доселени се од Крушево или Крушевско кога и претходните родови; Бујуковци (2 к.), доселени се однекаде, овде живеат од втората половина на XIX век; Каровци (12 к.), потекнуваат од браќата Митре и Аце, доселени се кога и Бујуковци од селото Беранци; Колтовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Базерник во Железник; Трајковци (4 к.), Лазаровци (2 к.) и Најдановци (1 к.), најмлади родови во селото доселени се 1905 година од раселеното село Кочишта.[13]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква, изградена во втората половина на XIX век;
- Археолошки наоѓалишта[17]
Remove ads
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads