Драгољуб Ставрев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгољуб Ставрев (роден на 28 јуни 1932 во Скопје — починал на 23 декември 2003 во Скопје) ― македонски општественик и државник. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на весникот „Студентски збор“, претседател на Сојузот на младината на Македонија, претседател на ГК на СКМ - Скопје, потпретседател и претседател на Собранието на град Скопје за време на обновата и изградбата на градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, член на ЦК СКЈ, член и извршен секретар на Претседателството на ЦК СКЈ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Претседателството на СРМ. Објавил повеќе стручни и политички трудови, меѓу кои и книгата „Македонски современи политички теми“.
Remove ads
Поврзано
- СРМ
- Студентски збор
- Македонски современи политички теми
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads