Драгумица
поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгумица — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото било мала македонска населба на западниот брег на Малото Преспанско Езеро. Лежело на 2 км југоисточно од Винени, и на околу 1 км северозападно од Дробитишта. Низ селото течел поток кој пресушувал во преку летото.[1]
Историја
Селото било населено барем од средниот век, за што сведочат наодите од керамички и бакарни предмети најдени од селаните.[1] Драгумица настрадала од надојдената вода на езерото и неговото население конечно го напуштило во првата половина од XIX век. На ова подрачје стои само црквата „Св. Ѓорѓија“ во корија на стари дабови, чија старист е непозната, но се претпоставува дека е од крајот на XIX век. Во нејзина близина биле и селските гробишта.[1]
Се смета дека жителите на Драгумица го основале селото Дробитишта.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads