Драчево (Зихненско)
село во Зихненско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драчево или Драчово (познато како Драчен, понекогаш и Старо Драчево; грчки: Λευκοθέα, Левкотеа; до 1927 г. Δράτσοβο, Драцово[1]) — напуштено село во Зихненско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сѐ до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци, кои останале мнозинство до неговото раселување во 1960-тите.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓало во областа Зихна, во непосредна близина од реката Драматица, во јужното подножје на планината Сминица, на надморска височина од 180 м. Сместено е околу 4 км северозападно од новата населба, покрај патот што води за селото Мандилево.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Драчево било македонско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Драѕова или Траѕова (Δράτζοβα, Τράτζοβα) живееле 150 Македонци христијани.[3] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Драчово имало 79 македонски домаќинства.[4][5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Драчово (Dratchovo) имало 59 домаќинства и 190 жители Македонци.[4][6]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Драчево, се наоѓа 1 1⁄2 ч. источно од Зелјахово. Истата местоположба и почва како и во Мандил. Грчка црква и училиште во црковниот двор со 15 ученици. 60 македонски куќи.[7] | “ |
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Драчево имало 300 жители, сите Македонци.[4][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драчево (Dratchevo) имало 320 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][9]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 179 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 206 лица.[2]
Во 1923 г. во селото биле населени 79 бегалци, така што селото станало мешана населба која во пописот од 1928 г. била заведена со 311 жители.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Левкотеа (Λευκοθέα).[1]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 379 жители.[2]
По крајот на Втората светска војна, во текот на 1960-тите жителите на Драчево биле преселени на неколку километри југоисточно од старата населба, покрај пругата Солун-Дедеагач во нова населба наречена Станица Драчево. Помасовно иселување се случило во 1970-тите, кога тоа броело 172 жители, кои во 1981 г. се намалиле на само 8 лица.[2]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, изградена во XIX век[10]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads