Дренич

село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дреничmap
Remove ads

Дренич или Дранич (грчки: Αντιφίλιπποι, Антифилипи, до 1927 г. Δρανίτσι, Драници[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 782 жители (2021).

Кратки факти Дренич Αντιφίλιπποι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во североисточните падини на планината Кушница, околу 7 км северозападно од гратчето Правишта, на брегот на поранешното езеро Берекетли Ѓол, на надморска височина од 100 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Според Тодор Симовски, во минатото покрај турското население живееле и Македонци-муслимани, кои во изворите погрешно се воделе како „Турци“.[3] Во XIX век Дренич било мешано село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дренич:

Дранич, муслиманско село; една џамија, едно муслиманско училиште. Жителите се Помаци. Од градот е на растојание од половина час.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дренич имало 400 жители Турци.[5]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 509 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 438 лица.[3]

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 123 бегалски семејства (вкупно 460 бегалци) од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[3][6] Во 1927 година, името на селото било променето во Антифилипи (Αντιφίλιπποι)[2], според неговата местоположба — спротивно од древномакедонскиот град Филипи.

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 878 жители.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува тутун, пченица, пченка и други земјоделски производи.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11 квадратни километри.[3] Општината Дренич била приклучена во општината Правишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.

Селото припаѓа на општинската единица Правишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дренич, во кој е единствено село.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads