Дреново (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Дреново (Костурско)
Remove ads

Дреново (грчки: Γλυκονέρι, Гликонери; до 1928 г. Δράνοβο, Драново[1]) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Дреново Γλυκονέρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол на 27 км југозападно од Костур и на 5 км западно од Нестрам. Лежело во северните пазуви на Грамошта, на десниот брег на реката Бистрица (овде наречена Белица).

Историја

Во Отоманското Царство

Селото било македонско, но во немирните години на крајот од XVIII век жителите го напуштиле, а на нивно место се доселиле Грци Качауни (погрчени Власи) од Епир. Се смета дека меѓу нив имало асимилирани Македонци.[2]

На крајот од XIX век Дреново било големо село во Костурската каза. Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 г. го води Дрјаново (Дряново) како село во Костурскатата каза со 240 Македонци и 100 Грци.[3][4] Истовремено во Борботската нахија на Костурската каза тој посочува уште едно Дрјаново со 90 жители Арнаути христијани, кое можеби е денешното Дреново (Дриовуно) во Населичко.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново-Колоња е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново има 150 жители Грци и во селото работело грчко училиште, но податоците може да се однесуваат на другото Дреново.[7] Според Георги Константинов Бистрицки Дряново пред Балканските војни се состоело од 15 македонски куќи,[3][8] но според Георги Христов, сите овие куќи биле грчки.[9]

На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Дрјаново е означено како македонско село.[3][10]

Во Грција

За време на Балканските војниселото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година во него живееле 114 жители, кои во 1920 г. изнесувале 119 лица.[2] Во 1928 г. селото е преименувано во Гликонери, кога имало 130 жители.[2]

Селото се распаднало за време на Граѓанската војна и отпишано е во 1961 г.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Родени в Дряново
  • Периклис Бакалис (Περικλής Μπακάλης) — андартски деец, агент од ІІІ ред[11]
  • Христос Бакалис (Χρήστος Μπακάλης) — андартски деец, агент од ІІІ ред[11]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads