Евгениј Рилски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евгениј Рилски
Remove ads

Евгениј Рилски е бугарски духовник и просветен деец, архимандрит, председател на неколку бугарски црковни општини во Македонија.

Кратки факти Евгениј Рилски, Роден(а) ...

Биографија

Роден е на 13 март 1856 година во град Калофер, тогаш во Османлиската империја,[1] со световно име Иван Кланков.[2] Едвај 14-годишен заминал за Рилскиот манастир, каде што учи кај Неофит Рилски. Учи во Самоковската духовна семинарија и во Пловдивската областна гимназија.[3] Станал духовник во Бугарската егзархија и започнал да работи како учител во Солун. Во учебната 1882 – 1883 година ѓакон Евгениј предавал во Солунската бугарска машка гимназија и е член на учителскиот совет.[4][5] Во месец декември ѓакон Евгениј го заменува Трајко Китанчев како учител по бугарска историја во I клас на гимназијата. Евгениј Рилски исто така предавал географија на I и II клас. Според Китанчев предавањето на географија било мачно поради недостигот на карти, а по историја се предавало без учебник.[6]

Председател е на Демирхисарската бугарска општина. Како таков во 1902 година потпишал поздравен говор до егзархот Јосиф I за 25 години на престолот, в кој трите бугарски општини на Мелчничката епархија – Петричката, Демирхисарската и Мелничката изразуваат молба од името на бугарското население за назначување на бугарски владика.[7] На 12 мај 1903 година е уапсен од Демир Хисар и под строга придружба е испратен во затворот во Сер.[8] Тој е задржан, како резултат на поднесен махзар (петиција), за која потписи лично собирал протосингелот на месниот грчки владика. По 52 дена јеромонах Евгениј бил екстерниран.[9]

Покасно е избран за прв егзархиски намесник во град Драма.[10]

Од 8 јануари 1914 до 1917 година е игумен на Рилскиот манастир.[11]

Умира во Софија во 1932 година после 5 месечно, тешко боледување.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads