Евдокија Макремболитиса

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евдокија Макремболитиса
Remove ads

Евдокија Макремболитиса (грчки: Ευδοκία Μακρεμβολίτισσα, 1021-1096) била византиска царица, втора сопруга на царот Константин X Дука, по чија смрт се омажила за цар Роман IV Диоген.

Кратки факти Роден(а), Починал(а) ...

Евдокија Макремболитиса била ќерка на Јован Макремболит и сестра на патријарх Михаил I Цариградски. Според Михаил Псел, Евдокија Макремболитиса се одликувала со исклучителна убавина, благородништвото и интелигенција.

Во околу 1050 година, Евдокија се омажила за идниот цар Константин X Дука, на кого му родила седум деца:

Кога Константин X Дука починал во 1067, Евдокија Макремболитиса станала регент на својот син Михаил VII Дука. Евдокија се заколнела никогаш да не се прежени и дури по нејзина заповед во затвор бил фрлен Роман Диоген, кој бил осомничен за аспирации кон царската круна. Сепак Евдокија сфатила дека е неспособна сама да ги одбие варварските инвазии во северозападните земји на империјата.[1], поради што таа ја прекршела заклетва и се омажила за Роман Диоген без дозвола на цариградскиот патријарх[2]. Бракот бил склучен на 1 јануари 1068 година и Роман Диоген веднаш бил прогласен за соцар под името Роман IV Диоген, со чија помош Евдокија успеала да се спротивстави за кратко на варварската закана за империјата.

Од Роман IV Диоген, Евдокија Макремболитиса има две деца:

  • Никифор Диоген
  • Лав Диоген

Роман IV го прогласил за соимпертор на Андроник Дука, син на Евдокија и Константин X Дука, иако тој бил држен настрана од власта заедно со неговата мајка. Животот на Евдокија со вториот нејзин сопруг излегол прилично лошо. Роман IV бил воинствен и упорен и сè повеќе ја ограничувал власта на Евдокија и Михаил VII. Откако во 1071 година Роман IV бил заробен од страна на Селџуците во Битката кај Манцикерт, Евдокија Макремболитиса и Михаил VII повторно застанале на чело на власта во Цариград, додека не се разбере дека Роман IV е жив и патува кон градот. Тогаш Јован Дука, помалиот брат на Константин X Дука, со помош на гардата ја принудил на царицата да ја остави власта целосно на Михаил VII и да се повлече во манастир.[2].

Во 1078 година Михаил VII бил соборен од Никифор III Вотанијат. Новиот цар ја повикал Евдокија Макремболитиса назад во главниот град со предлог да се ожени со неа. Овој план меѓутоа бил срушен повторно од Јован Дука, кој стоел на чело на опозицијата против Евдокија.

Евдокија Макремболитиса починала како калуѓерка во 1096 година.

Remove ads

Наводи

Literatura

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads