Еди Пере

From Wikipedia, the free encyclopedia

Еди Переmap
Remove ads

Еди Пере (грчки: Νεροφράκτης, Нерофрактис)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Еди Пере Νεροφράκτης, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 53 километри јужно од градот Драма и на 12 километри југозападно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 48 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 700 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 719 жители[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Нерофрактис[5].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 120 грчки семејства со 493 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 493 лица, додека во 1940 година селото броело 837 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 914 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 940 жители, во 1971 година имало 739 жители, во 1981 година имало 775 жители, додека во 1991 година имало 795 жители[7]. Денеска, населението на селото е 584 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads