Едрилец
вид на пеперутка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Едрилец (лат. Iphiclides podalirius L.) — вид дневна пеперуга[1]. Лета карактеристично, како да едри[1]. Има крилја со жолто-црни (тигрови) шари[1]. Живее претежно на отворени нерамни терени, во грмушки и на ливади. Се храни со нектар[1]. Во периодот на парење се собира во поголеми населенија. Презимува во стадиум на кукла. Распространета е во Средна и Јужна Европа. Во Македонија се јавува во две генерации од април до септември[1]. Позната е како мигрант.
Remove ads
Подвидови
- Iphiclides podalirius podalirius (Средна и Јужна Европа)
- Iphiclides podalirius feisthamelii (Северна Африка, Шпанија и југозападна Франција)
- Iphiclides podalirius persica Верити, 1911
- Iphiclides podalirius virgatus (Батлер, 1865)
Iphiclides podalirius feisthamelii е понекогаш сметана како валиден вид, Iphiclides feisthamelii.[3]

Растространетост
Овој вид е доста чест. Овој вид е широко распространет на источниот Палеоарктик и во поголемиот дел од Европа со исклучок на северните делови. Нејзиниот опсег се протега на север до Долна Лужица и централна Полска и на исток низ Мала Азија и Закавказје до Арапскиот Полуостров, Пакистан, Индија и западна НР Кина.[2][4] Неколку примероци од видот се пријавени од средна Шведска и Обединетото Кралство, но тие веројатно биле само скитници, а не и мигранти.
Remove ads
Живеалиште
Овие видови од семејството Papilionidae живеат во градини, градови, како и на селата, во ниви и отворени шумски места. Се среќаваат на места со трнинки и особено овоштарници. Во Алпите може да бидат најдени до надморска височина од 2000 м, но обично претпочитаат подножја и пониски места.[5][3]
Присуството на едрилецот во поплавната рамнина на реката Морава во Словачка, се покажало дека е добар показател за релативно добро зачуван ксеротермички пасишни живеалишта со шумско-степска вегетација, кои немаат историја на сечење.[6]
Статус
Во некои години, едрилецот е доста изобилен. Едрилецот станува се поретко додека се расчистуваат трнинките. Пеперутката сега е заштитена со закон во Чешка, Словачка, Германија, Унгарија, Луксембург, Русија, [[Украина] ] и Полска.[7] Се смета за редок и загрозен и заштитен во некои сојузни покраини во Австрија и со неопределен статус низ цела Европа. Во Ерменија, видот покажува стабилен тренд на населението и е оценет како најмала загриженост.[8] Иако некои власти го нарекуваат статус „ранлив“,[6]:46[9] сепак не е наведен во Црвениот список на МСЗП.[10]
Remove ads
Опис
Едрилецот има распон на крилјата од 60-80 мм кај мажјаците, од 62-90 мм кај женките. Тоа е многу голема карактеристична пеперутка. Бојата на позадината на крилата е кремасто бела или бледо жолта. На предните крила има шест тигарски ленти и ознаки во облик на клин. На надворешниот раб на задните крила има сини ознаки на полумесечина, со долгнавеста, портокалова дамка на задниот агол и релативно долга опашка.[3][5]
Овој вид е доста сличен со ластовичкината опашка, Papilio hospiton, Алексаноровиот едрилец и Protographium marcellus.
- Мажјак
- Машки долен дел
- Женка
- Женски долен дел
Remove ads
Галерија
- Гасеница
- Гасеница во кукла
- Развиен примерок
- Примерок на планината Баба
- Примерок на планината Баба
- Примерок на планината Баба
- Примерок на планината Баба
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads