Елена Наумовска - Аргир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Елена (Костова) Наумовска - Аргир (псеводним Илинка), (16 февруари 1921 во Крушево — 8 октомври 2002 во Скопје) — македонски партизан, учесник и раководител во НОВ.[1][2]

Животопис

Била активен член на друштвото Есперанто од „Крушево“.[1][3] Во 1940 година раководела со комисијата за работа со жените при месниот комитет на КПЈ во Крушево. На 22 јуни 1942 година официјално е формиран крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, иако своите активности ги почнал од април истата година. Одредот одржал повеќе митинзи на територијата помеѓу Крушево, Македонски Брод и Кичево, а извел и повеќе воени акции против бугарските фашистички сили, меѓу кои во селата: Прибилци, Кочиште, напад на рудникот Цер и други. Меѓу борците имало и жени. Една од нив била Елена Костова Аргирова, која се истакнала со своите активности уште пред почетокот на НОВ.[3] Средбите биле во организација на Костадин Попоски и Цветан Илиевски. На средбите, од Одредот присуствувале Наум Наумовски - Борче, Шула Мина и Ели Аргирова.[4]

Бугарскиот воен суд во Прилеп, кон крајот на 1942 година, ја осудил Елена Наумова[1] заедно со Антигона Стерјова Туфа, Ефросина Михајлова Димитрова, исто така борци во одредот „Питу Гули“ и Ефигени Николова Стерјова, водач на женска просветна група, биле осудени од 15 до 20 години строг затвор.[3]

Потоа таа се приклучила на Мавровско-кичевскиот НОПО, додека од август 1943 година таа е член на баталјонот „Мирче Ацев“. Како заменик-политички комесар таа била дел ѝ од Македонско-косовската ударна бригада. Нејзината воена активност ја продолжила и во Македонската ударна бригада, најпрво како заменик политички комесар на баталјон, а потоа и на целата бригада.[1][5]

Remove ads

Одликувања

Носители на високото одликување „Партизанска споменица од 1941“ од Крушево се жените-борци: Елена Костова Аргирова, Сина Димитриовска Михајлова и Вергула Кардула.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads