Кочиште

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Кочиштеmap
Remove ads

Кочиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 820 хектари, на пасиштата отпаѓаат 184 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[3]

Околни села: Брезово од запад, Радово и Растојца од југ, Острилци од исток, Долно Дивјаци и Зашле од север, како и со градот Крушево од североисток.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во отоманските документи од 1639 година (помеѓу 2 и 11 јули), во една гаранција за заем, каде што е запишано дека жителите од село Кочиште - Демирхисарско, зеле 5.700 акчиња на заем од лицето познато како Базирѓан-заде. Како гарант се јавува Али, субашија.[4]

Во XIX век, Кочиште било село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има поледелско-шумарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кочиште имало 320 жители, од кои 120 Македонци христијани и 200 Албанци муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочиште имало 296 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кочишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Кочиште е мало село, кое во 1961 година броело 274 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 45 жители македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 38 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Кочиште е македонско село, а во минатото имало и Албанци во селото.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]

  • Староседелци: Златановци или Најдовци (3 к.), Ристевци (1 к.), Трајчевци (2 к.) и Сиљановци (1 к.). Трајчевци пред 1903 година избегале во Растојца, па се вратиле. И Сиљановци избегале во Крушево, па се вратиле.
  • Доселеници: Јанкуловци (2 к.), Јоновци (5 к.) и Стевановци (1 к.), доселени се од селото Радово, Јанкуловци од османлиско време живее во селото, а останатите два рода се доселени после пропаста на Османлиите; Гроздановци (2 к.), доселени се во 1933 година од Крушево; Спасеновци (2 к.), Никодиновци (2 к.), Илијовци (9 к.), Јанкуловци (2 к.), Крстевци (2 к.) и Малци (1 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Зашле, таму имаат роднини; Шабан (1 к.), името го добиле по прекар. Доселени се преку Зашле од селото Брезово, таму припаѓале на родот Гаревци; Димовци или Вељановци (1 к.) и Митрушковци (2 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Растојца, таму имаат роднини; Петковци (1 к.) и Грујовци (4 к.), доселени се од селото Долно Дивјаци во 1915 година, таму имаат роднини; Петревци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Горно Дивјаци; Кузмановци (2 к.), доселени се во 1918 година од селото Слоештица.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Кочиште, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 639 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]

Личности

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

  • Од Златановци во: Крушево (едно семејство).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads