Елифас Леви

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елифас Леви
Remove ads

Елифас Леви, роден како Алфонс Луј Констант, (8 февруари 1810 г. - 31 мај 1875 г.) — француски окултистички писател и кабалист.

Кратки факти Роден, Починал ...

„Елифас Леви“ името под кое ги печател своите книги, било негов обид да го преведе своето име на хебрејски.

Елифас Леви бил опат на римската црква, филозоф и уметник, врвен книжевен стилист, голем шегаџија, и длабок симболист. Се интересирал за мистицизмот и окултизмот, па така стигнал и до тарот картите. За време на неговиот престој во Англија, заедно со Кенет Мекензи, исто така познат окултен научник во тоа време и слободен ѕидар со висок степен, ги преуредиле тарот картите и ги издале како шпил карти кои се засноваат врз научни основи.

Интересно е дека врз основа на тарот картите Елифас Леви ја започнал големата студиозна книга Магика, во која секое поглавје се заснова врз одредена карта од Големата аркана на Таротот. Со тоа, Елифас Леви го прекршил заветот на молчење со кој се обврзал кога му е доверена на чување тајната на Таротот.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Кратки факти
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads