31 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 31 мај — 151-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (152-и во престапна година). Остануваат 214 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1942 | Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители. |
| 1961 | Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт. |
| 1962 | Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
| 1991 | Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја. |
Родени:
| 1656 | Марен Маре — француски композитор за виола да гамба. |
| 1819 | Волт Витман — американски поет. |
| 1892 | Константин Паустовски — руски и советски писател. |
| 1899 | Леонид Леонов — руски и советски писател. |
| 1908 | Дон Амичи — американски глумец. |
| 1911 | Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда. |
| 1930 | Клинт Иствуд — американски филмски глумец и режисер. |
| 1934 | Рада Ѓуричин — српска и југословенска глумица. |
| 1941 | Вилијам Нордхаус — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2018 година. |
| 1945 | Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер. |
| 1948 | Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата Лед цепелин. |
| 1965 | Брук Шилдс — американска глумица. |
| 1969 | Тони Цетински — хрватски пејач. |
| 1970 | Паоло Сорентино — италијански режисер. |
| 1973 | Родриго Кортес — шпански филмски режисер. |
| 1986 | Роберт Гесинк — холандски велосипедист. |
| 1989 | Марко Ројс — германски фудбалер. |
| 2001 | Ига Свјонтек — полска тенисерка. |
| 2003 | Бењамин Шешко — словенечки фудбалер. |
Починале:
| 1594 | Јакопо Робусти Тинторето — италијански сликар. |
| 1809 | Франц Јозеф Хајдн — австриски класицистички композитор. |
| 1854 | Ватрослав Лисински — хрватски композитор. |
| 1953 | Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект. |
| 1962 | Адолф Ајхман — нацистички функционер. |
| 1978 | Јожеф Божик — унгарски фудбалер. |
| 1983 | Џек Демпси — американски боксер. |
| 2019 | Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист. |
| 2025 | Стенли Фишер — американско-израелски економист. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads