Елсвортова Земја

област на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia

Елсвортова Земјаmap
Remove ads

Елсвортова Земја (англиски: Ellsworth Land) — дел од Антарктикот кој се граничи со Земјата на Мери Берд на запад, Белингсхаузеновото Море на север, основата на Антарктичкиот Полуостров на североисток и западниот раб на Филхнер–Ронеовата Ледена Плоча на исток.[1] Се протага помеѓу 103°24' ЗГД и 79°45' ЗГД. Подрачјето западно од 90° ЗГД е без претендети, на подрачјето помеѓу 84° ЗГД и 90° ЗГД полага право само Чиле, а остатокот од Чиле и Обединетото Кралство како дел од Британската Антарктичка Територија. Ејтсовиот Брег се протега помеѓу 103°24' ЗГД и 89°35' ЗГД, а Брајановиот Брег помеѓу 89°35' ЗГД и 79°45' ЗГД.

Thumb
Елсвортовата Земја на карта на Антарктикот

Земјата се состои претежно од висока ледена висорамнина, но ги опфаќа и Елсвортовите Планини, но и некои порасеани планински групи.[1]

Елсвортовата Земја е сместена близу средиштето на територијата покриена од американскиот истражувач Линколн Елсворт кој ја прелетал во ноември–декември 1935 г. Наречена е по него од Советодавниот комитет за антарктички имиња во 1962 г. во спомен на тој историски прекуконтинентален лет од островот Данди до Росовата Ледена Плоча.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads