Географија на Антарктикот

From Wikipedia, the free encyclopedia

Географија на Антарктикот
Remove ads

Географијата на Антарктикот се одликува со студ и мраз поради поларна местоположба на антарктичкиот континент, кој е сместен на дното од јужната полутопка. Се протега претежно јужно од Јужниот Поларник, ограничена од Јужниот Океан или, зависно од дефиницијата, јужните кареви на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан. Зафаќа површина од преку 14 милиони км2.

Кратки факти Континент, Координати ...

Околу 98 % од Антарктикот се прекриени со најголемата ледена покривка на планетата, која воедно е најголемиот резервоар на слатка вода. Со просечна дебелина од 1,6 км, мразот има толкава маса што ја има натиснато континенталната матична карпа, на места дури 2,5 км под морското ниво. Се среќаваат и подледнички езера од течна вода, како што е Восток. По краевите на прекривката има ледени плочи и возвшенија.

Remove ads

Области

Антарктикот физички е поделен со Трансантарктичките Планини близу грлото помеѓу Росовото и Ведловото Море. Областите Западен и Источен Антарктик приближно соодветствуваат на источната и западната полутопка сметајќи од гриничкиот меридијан. Некои претпочиваат да го делат континентот на Мал и Голем Антарктик.

Малиот Антарктик е покриен со западноантарктичката ледена покривка. Стручњаците сметаат дека постои мала можност оваа ледена покривка да се сруши, што би ги накачило океаните за неколку метри во многу кус рок.

Remove ads

Вулкани

На самиот континент има четири вулкани кои се сметаат за активни судејќи според фумаролите и понови наноси од тефра: Мелбурн (2.730 м), Берлин (3.500 м), Кауфман (2.365 м) и калдерата Хемптон (3.325 м).

Некои од планините на околните острови биле вулкански активни во подалечното минато: Еребус (3.795 м) и Росов Остров со 10 познати избуви и 1 претпоставен избув.

Од спротивната страна на континентот е островот Дисепшен, со калдера со 10 познати и 4 претпоставени избуви. За активни се сметаат Бакл од групата Балени, Пингвинскиот, Полетовиот и Линденберговиот Остров. Во 2017 г. истражувачите од Единбуршкиот универзитет откриле 91 подводен вулкан под Западниот Антарктик.[1][2]

Remove ads

Западен Антарктик

Thumb
Западниот Антарктик — лево.
Thumb
Типичен предел на Антарктичкиот Полуостров со фјордови, високи крајбрежни планини и острови.

Западниот Антарктик е помалиот дел од континентот. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:

Подрачја

Мориња

Ледени плочи

Поголеми ледени плочи се:

Острови

Источен Антарктик

Thumb
Источниот Антарктик — десно.
Thumb
Бреговите на принцезите Астрид и Рагнхилда.

Источниот Антарктик е поголемиот дел од континентот. Тука се наоѓаат јужниот магнетен пол и географскиот Јужен Пол. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:

Подрачја

Мориња

Ледени плочи

Поголеми ледени плочи се:

Острови

Remove ads

Поларни станици

Територијални претензии

Зависни територии

Поврзано

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads